Македонија
Муртезани – Казуја: Потврдена јапонската поддршка во некои од најважните сектори за нашиот евроинтегративен процес
Денес, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, имаше средба со амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Отсука Казуја, на која беше потврдена одличната билатерална соработка, како и јапонската поддршка на Северна Македонија преку донации во некои од најважните сектори за нашиот евроинтегративен процес.
Министерот Муртезани му се заблагодари на амбасадорот Казуја за целокупната поддршка што Јапонија ѝ ја дава на Северна Македонија, а се разговараше и за успешната реализација на проектите од јапонските грантови, како и за унапредување на соработката во контекст на нови инвестиции. Муртезани ја реафирмира посветеноста на Владата за понатамошен развој на односите во рамките на иницијативата на Јапонија за соработка со земјите од Западен Балкан.
Амбасадорот Казуја ја истакна одличната соработка со Министерството за европски прашања и нагласи дека во изминатите години Јапонија обезбеди над 800 илјади евра помош за зајакнување на здравствените услуги за набавка на медицинска опрема за ковид-центрите во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

