Македонија
Министерот Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи
Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именува нови в.д. директори во повеќе здравствени установи.
– Клиничка болница Битола – Ненси Лозанче
– Институт за трансфузиона медицина – Скопје – Амир Елези
– Општа болница Куманово – Стефан Трајановски
– Општа болница Велес – Александар Бузалков
– Психијатриска болница Демир Хисар – Стевче Цветановски
– Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија – Невена Маневска
– Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје – Мухсин Арифи
– Општа болница Охрид – Горан Маркоски
– Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија – Игорче Џиковски
– Универзитетска клиника за детска хирургија – Лазе Јовчевски
– Здравствен дом Вевчани – Рената Пешиновска
– Центар за јавно здравје Тетово – Шпенди Амети
– Центар за јавно здравје Прилеп – Горан Кузески
– Здравствен дом Радовиш – Стојанче Петров
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

