Свет
Орбан: И Трамп и Фицо беа нападнати затоа што ѝ се противат на војната
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп и словачкиот премиер Роберт Фицо биле нападнати поради нивните антивладини ставови.
Фицо беше погоден со четири куршуми во обид за атентат во средината на март, а Трамп беше полесно ранет во обид за атентат на 13 јули кога куршум му го погоди увото.
„Сите овие напади се насочени кон политичарите што се против војната и се залагаат за мир“, изјави Орбан за државното радио „Кошут“.
„Провоените сили се толку возбудени, напнати, охрабрени и толку организирани што се обидуваат да ги отстранат од сцената, од центарот на политичкиот живот, оние сили што се залагаат за мир“, додава Орбан. Тој претходно изјави дека Трамп го преживеал нападот затоа што „Бог има план за него“ да промовира мир.
Неговиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека Унгарија го гледа можниот втор мандат на Трамп како шанса за мир во Украина. Орбан е во добри односи со Трамп од неговата победа на претседателските избори во САД во 2016 година.
По средбата со Трамп пред една недела, набргу по присуството на самитот на НАТО во Вашингтон, Орбан сподели фотографија од нивниот состанок во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп на Флорида на платформата Х со натпис: „Мировна мисија 5.0. Разговаравме за начините за постигнување мир. Добрата вест на денот: Тој тоа ќе го реши“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.