Црна хроника
Малолетник осомничен за обљуба врз малолетничка со која заедно живееле
Постапувајќи по претходна пријава дека малолетник од Кочани живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од Скопје и дека извршил обљуба врз неа, полициски службеници од полициската станица Кочани презеле мерки и во неговиот дом малолетникот бил затекнат со малолетничката.
Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Кочани, со малолетничката бил извршен службен разговор и бил направен преглед во здравствена установа.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кумановец тепан од неколку лица во угостителски објект
Денеска во 2 часот во СВР Куманово, П.П.(31) од село Лопате, кумановско, пријавил дека околу 01:00 часот, пред угостителски објект во Куманово, бил физички нападнат од неколку лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Разбојник со пиштол ограби аптека во Аеродром
Вчера во 18:50 часот било пријавено дека во аптека на територија на општина Аеродром, едно лице со закана со остар предмет, од вработената одзело пари.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Колеги се тепале во Петровец
Завчера во 08.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден во 08:10 часот во објект во изградба во населбата Илинден, општина Петровец, во сопственост на правен субјект, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од својот колега М.З..
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.