Економија
Николоски договара нови нискобуџетни летови од следната година: Ќе разговараме со неколку светски компании
Иако е неработен ден, министерот за транспорт и врски Александар Николоски се пофали дека работел и договорил формирање работа група која ќе ги испита можностите за нови евтини летови од скопскиот и од охридскиот аеродром. И тој и Владата се подготвени да дадат субвенции на новите компании со цел да дојдат повеќе туристи во земјава и македонските граѓани да имаат поевтини летови.
„Би сакал да споделам една убава вест со сите вас. Денес иако е недела, интензивно работиме. Донесовме одлука да формираме работна група која ќе ги испита сите можности за зголемување на бројот на летови од скопскиот и охридскиот аеродром. Нашата цел е следната година да има нови дестинации кои во моментов не ги оперираат охридскиот и скопскиот аеродром. Така би добиле многу повеќе туристи но и македонските граѓани полесно и поевтино ќе патуваат надвор. Ќе разговараме со неколку светски компании кои нудат брзи и евтини летови, и убеден сум дека веќе следната година ќе имаме многу повеќе дестинации“, рече министерот Николоски.
По последниот оглас за нискобуџетни летови од Македонија од минатата година, субвенции од државата покрај „Визер“, доби и германска „Луфтханза“. Субвенцијата на странските компании што ја исплаќа нашата држава е седум евра по патник во заминување. Субвенционирањето секоја година е условено со воведување нови линии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поени.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.