Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Спасов решително ја води СДС во амбис
Никола Спасов, мислејќи дека со низок ПР, исполнет со лаги и манипулации, ќе му се допадне на народот, тој го докажува само спротивното. Народот уште повеќе ги подржува политиките, на Владата, а рејтингот на СДС и понатаму вртоглаво паѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Над 900.000 евра, пари на граѓаните има добиено Спасов од владата на СДС, преку неговата агенција „Рејтинг“, а дел и за организирање измислени настани.
Местење на договорени тендери, за неговата агенција „Рејтинг“, не е исто со водење на јавни односи на партија. Очигледно Спасов е научен, само преку местенки и позадински игри, да си ги завршува работите во животот. Но овој пат тоа нема да му помине, бидејќи граѓаните го имаат прочитано“, се додава во реакијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот начин на водење на партијата, од страна на Спасов и Филипче, како што оценуваат од партијата на власт е срам за чесните членови на СДС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

