Свет
Кампањата на Камала Харис собра речиси 50 милиони долари за помалку од еден ден
Потпретседателката на САД, Камала Харис, собра 49,6 милиони долари за својата претседателска кампања за помалку од 24 часа откога американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка и ја поддржа како претседателски кандидат, изјави портпаролот на кампањата на Бајден.
„Откога претседателот вчера попладне ја поддржа потпретседателката Харис, Американците дадоа донации од 49,6 милиони долари за нејзината кампања“, рече портпаролот, според „Ројтерс“.
„Ројтерс“ претходно објави дека името на кампањата за реизбор на претседателот Џозеф Бајден на платформата X е променето од Бајден во Камала, што е уште еден знак дека тимот на демократската кампања продолжува да работи со Камала Харис како кандидат на партијата во ноемвриските претседателски избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

