Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Тендер министерот Филипче заедно со Заев стана милијардер
„Филипче очигледно не знае кај се наоѓа збунет е заради парите и луксузот во кој живее збогатен на сметка на граѓаните посебно на тие за кого сега наводно загрижено констатира дека немало платите да им се зголемат, па да го потсетиме:
Наследивме банкротирана држава, сиромаштија, празна ограбена каса.
Да го потсетиме Филипче да не заборавил случајно опиен од богатството кое го дели со Заев како тој работел и кој е епилогот од неговото мешетарење и лоповлук.
Мртви во модуларната заради што до ден денес не одговарал. Го заштити Зоран Заев како што го заштити и Кочо Анѓушев;
Мртви од погрешно справување со ковид;
Мртви заради пљачката која ја овозможуваше на Онкологија;
Хаос во здравството и задолжени клиники;
Инфлација највисока во Европа;
На врв сме во Европа по корупција заради него и неговиот духовен татко Зоран Заев со кого заедно си купуваат исти коли, исти вили, исти часовници.
Уште малце од што е заљубен во Заев сака да се прекрсти во Зоран Филипче.
Статусот на ФБ му го пишувало некое дете кое формално е вработено во Мамас, надзор му прави синчето на Ѓорги Спасов за некоја сума на пари, пошто тие што ги земал од Град Скопје не му се доволни очигледно, а тој, се сонча на некое монденско место кое сите што ги наброја за кои наводно се секира може да го гледаат само на интернет. Затоа го повикуваме нека не глуми наводна грижа туку да каже како заедно со Зоран Заев станаа милијардери и како е можно да нема грижа на совест за сите кои заради неговата лакомост ги загубија животите.
Тендерхирургот на Заев мора да одговара. Лидерското место во СДС не смее да е негова закрила и обвинителството кое се уште е во скутот на Заев и ДУИ, мора да поведе постапки за сите малверзации кои овој доктор за криминал неврохирург на кланот Заеви ги направил“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)
Македонија
Претпладне појава на слаба магла, во текот на денот сончево и тивко
Во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

