Црна хроника
Казни за 140 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 20 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за користење мобилтен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Судир меѓу три возила во Тетово: едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Вчера во 14:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(53) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(46) од Тетово и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(36) од с.Непроштено, општина Теарце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Топ
Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Г.(41) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Изгоре „пежо“ во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13:30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“, сопственост на 37-годишниот К.М. од село Бучинци, скопско.
Пожарот е изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Извршен е увид.