Свет
Ајкулите во близина на брегот на Бразил позитивни на кокаин
Тестирањето на ајкулите во близина на брегот на Бразил покажа дека тие се позитивни на кокаин, а научниците стравуваат дека тоа ќе доведе до промена во нивното однесување.
Морските биолози тестирале 13 ајкули земени од крајбрежните води во близина на Рио де Жанеиро и откриле дека сите тие имаат високо ниво на кокаин во мускулите и црниот дроб, пишува британски „Телеграф“.
Откриени се концентрации на кокаин до 100 пати повисоки од оние претходно откриени кај други морски животни.
Научниците ги опишаа своите наоди како загрижувачки за морскиот екосистем.
Во написот за списанието Science of Total Environment тие изјавија дека дрогата кај ајкулите, најверојатно, потекнува од одводите на нелегалните лаборатории во кои се произведува кокаин или од канализацијата, односно од урината и изметот на корисниците на дрога.
Тимот научници изјави дека е можно и ајкулите да се хранеле со пакувања со кокаин што шверцерите на дрога ги изгубиле или фрлиле во морето, но дека тоа е помалку веројатно.
„Резултатите покажаа хронична изложеност на кокаин од луѓе што користат кокаин во Рио де Жанеиро и од испуштање човечка урина и фекалии во канализацијата, како и од нелегални лаборатории“, рече Рејчел Ен Хаузер-Дејвис, британска научничка и членка на истражувачки тим.
Таа вели дека обично нема многу фрлени пакувања со кокаин на брегот на Бразил за разлика од Мексико и Флорида, што значи дека е малку веројатно дека ајкулите стигнале до нив.
Истакнува дека кокаинот, веројатно, е штетен за здравјето на животните, но дека сѐ уште не е познато дали дрогата влијае на нивното однесување правејќи ги поагресивни и непредвидливи.
„Ова може да биде случај бидејќи кокаинот го таргетира мозокот. Потребни се дополнителни истражувања“, вели екотоксикологот Енрико Мендес Саѓоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

