Спорт
Бордо исфрлен во третата лига

Фудбалскиот клуб Бордо соопшти дека нема да ја обжали одлуката на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), и дека наредната сезона ќе се натпреварува во третата лига.
Челниците на ФФФ го казнија Бордо со преселба од втората во третата лига поради наталожени финансиски проблеми.
Бордо е шесткратен шампион на Франција, а последен пат беше најдобар во сезоната 2008/09.
Клубот испадна од Лига 1 во 2021 година, а минатата сезона заврши на 12. место во втората лига.
Бордо не успеа да најде нов финансиер кој би вложил пари и би ги решил финансиските проблеми, па следната сезона ќе игра во третиот ранг на францускиот фудбал.
Низ историјата, дресот на Бордо го носеле голем број врвни фудбалери, меѓу кои Зинедин Зидан, Алан Гирес, Жан Тигана, Биксент Лизаразу, Кристоф Дигари…
Благодарение на испаѓањето на Бордо, Троа го задржа второ лигашкиот статус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Богати премии ќе добијат играчите на Црвена звезда ако се пласираат во ЛШ

Црвена звезда загуби од Пафос во Белград со 1:2 во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Жоао Кореја и Пепе постигнаа голови за кипарскиот клуб, додека српскиот тим ја намали предноста со голот на Бруно Дуарте.
Српскиот шампион ќе има тешка задача во вторник во 21:00 часот на Кипар, каде што ќе се обиде да го надомести дефицитот и да се пласира во елитното клупско натпреварување.
Доколку успеат во ова, фудбалерите на Црвена звезда ќе добијат големи премии. Според информациите на „Спортклуб“, играчите на Звезда кои ги играат главните улоги ќе бидат наградени со по 100 илјади евра. Премиите наводно ќе се зголемат на 120.000 евра ако се квалификуваат во Лигата на шампионите без продолженија и пенали.
Доколку Црвена звезда испадне, ќе оди во главната фаза на Лигата на Европа, додека Пафос ќе игра во главната фаза на Лигата на шампионите.
Учеството во групната фаза на Лигата на шампионите носи многу пари. Црвена звезда минатата сезона освои шест бода во осум натпревари и го освои 29-то место во конкуренција на 36 клуба. Од УЕФА заработи 32 милиони евра, а тоа не ги вклучува парите што клубот ги заработил на натпреварите што ги одигра на домашен терен.
Во јули оваа година, генералниот директор на белградскиот клуб Звездан Терзиќ потврди дека настапот во Лигата на Европа ѝ носи на Црвена звезда околу 15 милиони евра, односно половина од она што го носи пласманот во Лигата на шампионите.
Спорт
Петра Квитова замина во пензија

Петра Квитова, двократната шампионка на Вимблдон, на 35-годишна возраст замина во пензија.
Во мечот од првото коло на Отвореното првенство на САД, каде што нејзиниот најголем дострел во кариерата беше четвртфиналето, Чехинката загуби од Французинката Пари со 6:1, 6:0.
Сепак, публиката ја поздрави големата шампионка со аплауз и овации. Квитова се расплака. Прво, заврши во прегратката на својот сопруг Јиржи Ванек, а потоа и се обрати на публиката на стадионот.
„Ми беше многу тешко, емотивно, да играм. Можев да пружам подобар отпор, но не успеав“, рече Квитова, додавајќи: „Благодарам Њујорк, бидејќи ова е мојот последен танц. Му благодарам на мојот сопруг и тренер Јиржи Ванек, им благодарам на моите поранешни тренери, му благодарам на мојот син, моите родители кои многу жртвуваа. Беше незаборавно патување.“
Квитова го освои Вимблдон во 2011 и 2014 година, а играше и во австралиското финале во 2019 година. Нејзиниот најдобар пласман на ВТА листата беше второто место во октомври 2011 година.
2x Grand Slam champion.
6x Billie Jean King Cup champion.
31x WTA champion.Bidding farewell to the iconic @Petra_Kvitova ✨ pic.twitter.com/qT3bR45TSS
— US Open Tennis (@usopen) August 25, 2025
Foto/ EPA/JOHN G. MABANGLO
Спорт
Скај Спорт Германија: Се уште нема договор меѓу Наполи и Лајпциг за Еламс

Сè уште нема дефинитивен договор меѓу Наполи и Лајпциг во врска со Елиф Елмас. Наполи сака да го врати во тимот македонскиот репрезентативец кој беше еден од најважните играчи во походот на титулата во сезоната 2022/2023.
Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Македонскиот репрезентативец пред 18 месеци пристигна во Лајпциг за 24 милиони евра. Во Германскиот тим не доби можност да ги покаже квалитетите.
Во Првиот дел од минатата сезона, Елмас одигра само 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите. Вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Торино, беше стандарден и постигна четири гола.
Наполи сака да го врати Елмас во Серија А. Двата тима се уште не можат да го договорат моделот по кој Еламс по се вратил во Неапол.
Доколку тоа се случи, пишува „Скај Спорт Германија“, тоа ќе биде позајмица со целосно покривање на платата од страна на италијанскиот клуб и опционален откуп што би можел да стане задолжителен, во зависност од перформансите.
Foto/ EPA