Спорт
Монеке за трансферот во Партизан: Не знам кој шири лажни информации
Чима Монеке веќе подолго време и без никаква причина е една од главните теми во медиумите кои ја следат кошарката.
Кошаркарот на Басконија постојано се поврзуван со Партизан, и покрај тоа што многу медиуми најавија дека тој нема да се пресели во Белград.
Нигериецот преку музичка тема на Линдзи Лохан објасни што мисли за ваквите информации.
„Уморен сум од озборувањата, уморен сум од следење, уморен сум од лагите, уморен сум од луѓето да зборуваат што сакаат за мене“, се вели во песната на Линдзи Лохан, која Монеке ја сподели како приказна на неговиот Инстаграм.
Веднаш потоа Нигериецот се огласи и на социјалната мрежа „X“
„Навистина не знам кој ги измислува овие гласини, но сето ова станува заморно. Јас сум играч на Басконија и со многу возбуда ја очекувам новата сезона.
Зборував со тренерот Ласо и мислам дека имаме шанса да направиме нешто посебно“, напиша Монеке.
Да потсетиме, Басконија по раскинувањето на соработката со Душко Ивановиќ го ангажираше Пабло Ласo, поранешниот тренер на Реал и Баерн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

