Контакт

Македонија

СДСМ: 30 дена на Мицкоски, 30 лоши политики

Објавено пред

За 30 дена Мицкоски е премиерот на Влада која спровела убедливо најлоши политики за рекордно кратко време, велат од СДСМ

dobivaj vesti na viber

Според партијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ успеаа:

 

  1. Да го прекинат растот на платите, една од најдобрите политики на СДСМ.
  2. Да се направат 4 нови министерства за вдомување на партиски кадри
  3. Да ја задолжат државата на рекордни 68% јавен долг
  4. Да го зголемат буџетскиот дефицит со ребалнасот на рекордни 4,9%
  5. Да отвората затворен проблем со Грција и ја блокираат одново земјата.
  6. Да се возат со другарите министри во луксузни бизнис класи и да кријат за тоа
  7. Да си прават фамилијарни патувања и да кријат за тоа, исто така.
  8. Неговите најблиски соработници добиваат подароци од 325.000 евра и молчат со денови за тоа. Потоа несмасно се вадат од калта, тој исто така си молчи.
  9. Да молчи Мицкоски кога исчезнува македонското знаме од институциите, тема на која претходно беше гласен
  10. Да не обезбеди 5000 денари за пензионерите, реалниот раст ќе биде до 1000 денари, а за некои категории 0 денари.
  11. Да смести министерка во Владата со бугарско државјанство, а за тоа претходно да дига хистерија
  12. Министерот за внатрешни работи да не може да реши ниедно убиство во шест месеци. Грешка, едно решено од 6 убиства, најлош резултат на истраги во историјата.
  13. Државата да е претворена во Див запад со масовен раст на криминалот по улиците.
  14. Да молчи пред Радев и Главчев додека тие јасно кажуваат што очекуваат од него. Потоа да снима видеа и да се чука во гради.
  15. Да се срами да го користи името Македонија, па ја нарекува нашата земја, татковината или воопшто да не ја нарекува никако.
  16. Да излаже дека нема да го користи името Северна Македонија, го користи ама скришно.
  17. Да не обезбеди учебници иако во кампањата убедуваше дека ќе обезбеди
  18. Да фрла лопати на инвестиции од СДСМ додека државата гори. Потоа да се скрие пет дена од срам.
  19. Целосно да потфрли со реакцијата на пожарите во неготинско каде изгоре цела планина. СДСМ и граѓаните четри и пол дена порано реагираа на состојбата.
  20. Најава дека недела неработен ќе се укинува, една од најзначајните придобивки за работниците.
  21. Целосно седнување во скут на друга држава и ставање на Македонија во економско и политичко заложништво за 500 милиони евра
  22. Да си го прифати Бехтел и Енка кој за него беше најкриминалниот проект во историјата
  23. Да не ги покачи платите на клучните сектори, здравство и образование а да објаснува како тие се селеле заради лошите услови.
  24. Да имаме Претседателка на држава која не знае дека доброволен воен рок се служи откако е укинат задолжителниот.
  25. Направена е паралелна координација на Влада на министрите од ВЛЕН, воведување на паралелизам, Мицкоски да си молчи а порано тао беше албанизација на институциите
  26. Да оди наоколу и да се жали како Калимеро дека нема пари нема правда со буџетот, а тоа да биде целосна лага со која се манипулираат работниците дека нема да им се качат платите.
  27. Да постави заменик министер на МВР со физичко образование. Не е ни чудо што нема ефект во истрагите. Целосен дебакл на кадровската политика во прв и втор ешалон.
  28. Да лаже дека го болат колената а да се качува на Водно за сликање секој вотр викенд.
  29. Да се покачи цената на лебот и да не интервенираат
  30. Да се покачи цената на струјата и да не интервенираат.
     
    „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за 30 дена докажаа дека немаат никаков капацитет за водење држава, но и погрешни намери и идеа за тоа каде и во која насока треба да се води државата“, велат од СДСМ.

Македонија

Дел од Сопиште денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени

Објавено пред

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето во наредните денови

Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа17 минути

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет60 минути

Клинтонови сепак ќе сведочат за Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа1 час

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет2 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет2 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија2 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија15 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија17 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија17 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија17 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија18 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија18 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија18 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија18 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет22 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет23 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет1 ден

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет1 ден

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет1 ден

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет1 ден

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...