Црна хроника
(Видео) Кривична за тројца полицајци од Тетово, кои пукале со автоматска пушка и се снимале
Тројца полицајци заработија кривична пријава откако со службено оружје пукале во шумски предел и се снимале.
Како што информираат од МВР, А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, ќе одговараат за „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
„А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мирис на хлор и зголемена пареа на базен во хотел во Охрид, четири лица пренесени во болница
Вчера во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица.
Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност, информира СВР-Охрид.
Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
фото/Depositphotos
Црна хроника
Уапсени четворица мажи: возеле пијани, а двајца од нив удриле во паркирани возила
Ноќеска во 00:40 часот на улицата „Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 38-годишниот А.Ј. од Свети Николе. Претходно, тој со патничко возило „тојота“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во две паркирани возила и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,97 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 14:36 часот на улицата „14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода 59-годишниот М.М. од село Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тико“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,13 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 16:00 часот на улицата „22 Октомври“ во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода 55-годишниот А.К. од Радовиш.
Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „нисан“ и го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден и притоа е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Ноќеска во 00:55 часот на улицата „11 Октомври“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 35-годишниот И.П. од село Избиште, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „порше“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
фото: МВР
Црна хроника
Пронајден пиштол во Кисела Вода, уапсен скопјанец
Вчера во 21:00 часот во Скопје, на територија на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот А.Г. од Скопје.
Полициските службеници на булеварот „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршуми.
По документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР

