Спорт
(Видео) Атлетико не му дозволува на Феликс да тренира со првиот тим
Португалскиот напаѓач Жоао Феликс тренира индивидуално по враќањето во Атлетико Мадрид по Европското првенство.
Тој доби околу две недели да одмори, а потоа му се приклучи на матичниот клуб каде се врати од позајмицата од Барселона. Феликс, трагичарот на Португалија, во четвртфиналето против Франција, нема долго да остане на „Метрополитано“.
Феликс тренира индивидуално, бидејќи ниту Чоло Симеоне го сака, ниту пак тој има желба да остане во Мадрид. Уште порано е познато дека аргентинскиот стручњак и португалскиот напаѓач практично не се поднесуваат.
Астон Вила е клуб кој често се поврзуваше со Феликс, а бројни извори велат дека тоа е доста тешка операција за тимот од Бирмингем. Трансферот би бил можен само во случај Феликс да се согласи на драстично намалување на платата.
Да потсетиме, Атлетико за Феликс плати 127.000.000 евра во летото 2019 година кога дојде од Бенфика.
🚨 João Félix was sent to train separately at Atlético Madrid.
(🎥 @atletico_md) pic.twitter.com/od74lNhcvw
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 26, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Питлик: Некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет
Ракометарот на Данска Симон Питлик имаше порака за хрватските колеги по победата во финалето на 29. Светско првенство.
Во мечот за титулата во Осло, Данците лесно ја совладаа Хрватска и победија со 32:26, со што четврти пат по ред станаа светски шампиони.
Хрватите го одиграа финалето доста грубо, а покрај директниот црвен картон на Марко Мамиќ имаше и многу фаули што го изнервираа Симон Питлик.
„Треба некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет. Ваков ракомет можат да играат само во Загреб, каде што судиите се на нивна страна. Правеа луди фаули. Само така можеа да не победат. Тоа не им успеа затоа што ние сме попаметни. Добиваа глупави исклучувања, внесоа премногу емоции“, истакна Питлик.
На Питлик не му пречеше премногу грубата игра на Хрватите, бидејќи мечот го заврши со четири гола. Питлик со 50 гола заврши на четвртото место на листата на најдобри стрелци.
За потсетување, Франција го освои бронзениот медал со тесната победа (35:34) против Португалија.
Спорт
Батлер ќе прифати трејд само во Феникс Санс
Кошаркарот на Мајами Хит Џими Батлер ја отфрли идејата да им се приклучи на Голден Стејт Вориорс и јасно стави до знаење дека сака да ќе прифати трејд само во Феникс Санс.
Впечаток е дека никогаш нема да заврши сагата со 35-годишниот кошаркар на Мајами Хит.
Според Шамс Чаранија од ЕСПН, Батлер сака да се пресели во Феникс Санс и да го продолжи договорот со нив откако ќе му истече договорот ова лето.
„Батлер ја отфрли идејата да им се приклучи на Голден Стејт Вориорс, предупредувајќи дека нема да остане таму ако тие го трејдуваат. Јасно е дека дека тој би сакал да оди во Феникс Санс и таму да остане долго време. Во последниве недели, Мајами преговара со Санс и Вориорс, тимови кои го сакаат Батлер“, пишува Чаранија.
Феникс е целосно фокусиран на овој трејд, намерата е да го спојат Батлер со Кевин Дурант и Девин Букер пред истекот на преодниот рок, кој во НБА лигата трае до 6.февруари.
Спорт
Уште една катастрофа за Манчестер јунајтед
Манчестер јунајтед доживеа нов пораз, седми оваа сезона на домашен терен во Премиер лигата. Вчера на „Олд Трафорд“ победија фудбалерите на Кристал Палас победија со головите на Матета со 2:0.
Покрај поразот, Манчестер јунајтед, се чини на шподолг период остана без Лисандро Мартинез.
Аргентинецот ја напушти играта во 82. минута, а првичните информации од Островот говорат дека коленото му е тешко повредено.
„Ќе знаеме се во следните неколку дена, но се чини дека повредата е многу сериозна. Лисандро не само што е одличен играч, туку човек, кој ни значи многу во соблекувалната“, изјави Рубен Аморим, тренерот на Јунајтед.
Лисандро оваа сезона одигра 20 натпревари за Јунајтед и постигна два гола. Во Јунајтед дојде од Ајакс во 2022 година за 57,4 милиони евра.