Македонија
Mисајловски на средба со словенечкиот амбасадор

Денеска, во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, и новопоставениот одбранбен аташе, полковник Бенсад Шиниковиќ.
„Изразувам огромна благодарност до вас и до вашата држава, која повторно, несебично и во најбрзо време одговори на нашиот повик за помош за справување со пожарите“, рече министерот Мисајловски.
Одбранбена соработка меѓу двете земји во континуитет е во нагорна линија, а со потпишувањето на новиот билатерален договор се создадени услови за проширување и надградување на постојните области на соработка, беше потврдено на денешната средба.
Амбасадорот Прескер нагласи дека Словенија изразува јасна поддршка за нашето членство во ЕУ и дека се подготвени да помогнат во реформските процеси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци.
Изборниот ден го оцени како мирен, со одредени забелешки кои ќе бидат поднеени со ОБСЕ и ДИК. Тој им ја честиташе победата на сите градоначалници кои победија во првиот круг.
Објави дека СДСМ води во уште неколку општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Крушево, Лозово, Росоман.
Дополнително, се осврна и на општините во кои се на второто место – Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновци, а очекуваат податоци од уште неколку места.
Тој апелира граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг.
Овој резултат не е тој што го посакувавме сите, рече Филипче, меѓутоа не е лош резултат со оглед на тоа што во некои од општините имаме зголемување на бројот на гласови.
Македонија
Победивме во 95% од избирачките места, да се обединиме во вториот круг, повика Герасимовски

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, кој на овие избори бара втор мандат како кандидат на СДСМ вели дека победил во 95 отсто од гласачките места и повика сите кои се премислуваат или имаат дилеми да го поддржат во вториот круг. „Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера. Благодарен сум што граѓаните на Центар, како и секогаш, одлучија да излезат на изборите и да донесат вистинска одлука. Центар денеска вистински победи. Сакам од срце и искрено да се заблагодарам на сите граѓани кои ја дадоа поддршката за мене и мојот тим. Денес извојувавме убедлива победа. Победивме во 95 % од избирачките места. За мене е огромна чест, признание и огромна одговорност и обврска. До сите што се двоумеа или имаа дилеми – време е истите да ги надминеме. Ве повикувам во вториот круг да се обединиме и заедно да ја продолжиме визијата за развој на Центар. Центар што го сакаме е реалност и Центар што граѓаните го сакаат победи денес. Ќе победи и за две недели. Центар е и ќе остане во рацете на граѓаните, во сигурни раце“, рече Герасимовски.
Според последните податоци од Државната изборна комисија од 45 отсто обработени избирачи, Герасимовски има 3,716 гласови, а зад него се Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ со 2642 гласа, независната кандидатка Билјана Ивановска со 1930 гласа и Марија Среброва од Левица со 952 гласа.
Македонија
„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за нова чесна и одговорна политика, истакнаа од коалицијата „Вреди“.
Во повеќето општини во земјата првите резултати покажуваат широка поддршка за визијата на „Вреди“, за работа, развој и одговорност. Албанците правилно ја прочитаа нашата одоворност и дадоа јасна порака дека повеќе не веруваат во старите приказни на политиката на старв и измама. Со месеци Али Ахмети, Арбен Таравари и Зијадин Села се обидуваат да ги држат Албанците како заложници со нивниот трик на референдумот кој им служеше за политички опстанок. Тие се обидоа да го претворат стравот во кауза, измамата во патриотизам а паниката во политика“.
Албанците веќе не веруваат во стравот како политичка алатка, велат од коалицијата и нагласуваат дека „Вреди“ победи во првиот круг во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново.
„Во вотриот круг како победници влегуваме во Тетово со многу јасна победа, во Дебар, Брвеница, Долнени и во Струга. Албанците ја испратија најмоќната порака на овие избори. Времето на Али Ахмети заврши. Еарата што ја држеше надежта на Албанците како заложник заврши а започна нова страница, политика на луѓе кои работа, слушаати кои не заплашуваат“, порачаа од „Вреди“.