Македонија
Влен со реакција: Минчев и Димитриевски во предизборен филм, брзо ќе дојдат локалните избори и ќе им текне дека без Албанците нема победа во Куманово

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека ќе го создаваат својот политички идентитет на анти-Албанска доктрина, реагираат од Коалицијата Влен.
„Брзо ќе дојдат локалните избори каде повторно ќе им текне дека без Албанците нема победа во Куманово. Очекувавме дека Министерот Минчев ќе ги поништи сите огласи според Балансерот во кои Македонци се определуваа како Албанци за да се вработат во јавната администрација. Токму тоа е злоупотреба на Балансерот кое неговото Министерство не смее да ги премолчува“, велат од Влен.
Истовремено, според нив, порационално е Димитриевски и Минчев да направат список на државни институции во кои сеуште нема пристап за Албанците.
„Намалувањето на процентите на Албанците е предизборен фолклор и аргумент плус зошто е неопходно да се укине Балансерот и да се донесе Закон за правична застапеност. Со таков пристап ќе се елиминира некои политичари како Димитриевски и Минчев да одлучуваат колку и какви Албанци ќе се вработуваат во јавната администрација“, истакнуваат во нивната реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Стартува „One stop shop“ на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан

На граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Со нова физичка и дигитална инфраструктура е воспоставен систем кој овозможува само едно застанување и една пасошка контрола.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека осовременувањето на граничниот премин е отворање на нова перспектива за граѓаните, стопанството и за регионот.
„На најдобар начин покажуваме дека границата не мора да биде ѕид, границата може и треба да биде наш заеднички мост, кој поврзува луѓе, идеи и можности, преку кој се зборува за доверба, соработка, економска соработка, развој на културата и туризмот“, кажа премиерот.
Оваа заедничка гранича точка, рече Мицкоски, не е само премин помеѓу двете држави, туку премин кон европските вредности на соработка, интеграција и на слободно движење.
Косовскиот премиер Албин Курти посочи дека по подолг период ангажманот и посветноста резултирале со проект од голема важност за граѓаните на Македонија и на Косово.
„Отсега па натаму, граѓаните ќе бидат проверувани само при влез во земјата, а податоците ќе се разменуваат во реално време преку современиот технолошки систем. Само во 2024 година над пет милиони граѓани ги поминале трите гранични премини меѓу двете држави, што укажува на врската меѓу нашите граѓани, но и потребата за слободен и брз проток на луѓе и стока“, изјави Курти.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Системот на Венко Филипче го урниса здравството

Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка, кажа денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче додека беше министер за здравство ја постави Ирина Пановска за директорка на Хематологија, а таа пак даваше милионски тендери секоја година на веледрогеријата Др. Пановски, сопственост на нејзиниот татко. Венко Филипче даваше милиони кон Др. Пановски и преку други здравствени установи. Системот на Венко Филипче е давање тендери на негови блиски фирми, и тендери преку непотизам. Венко Филипче се бори за власт, за нови тендери и за нови тендерски шеми“, рече Манасиевски.
Тој потенцира дека „системот на Венко Филипче го урниса здравството“.
„Фактичката состојба во здравството денес, во поглед на недостатоци и проблематики е последица на тендер шемите на Филипче и СДС. Венко Филипче нема кредибилитет, тој треба веднаш да си даде оставка“, кажа Манасиевски.
Македонија
(Видео) Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска на прес-конференција Лолита Ристова, членка на Извршен одбор на СДСМ.
„17 тони железо, изградени на бетонска подлога од 420м2 со 90 тезги внатре се третираат како урбана опрема? Зошто е избегнато издавање на соодветно одобрение за градење во соодветна постапка. Особено од аспект на статиката и сигурноста на објектот. Како е можно два објекти изградени во толкав габарит кој лежи на 17 тони железо да се третира како „поставување на урбана опрема“? И клучното прашање дали ваквиот објект над главите на неготинчани е безбеден?“, вели Ристова.
Таа изрази сомнеж и од финансиски аспект.
„Зад проектот повторно стои една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, која редовно добива тендери во општини под нивна контрола, особено со пари од унгарскиот заем. Проценетата вредност на проектот е 25.960.000 денари, а договорот е склучен речиси за истата сума – 25.914.000. Без конкуренција, без намалување на цената, без домаќинско работење. На прашањето колку пари на граѓаните на Неготино се потрошени за оваа зделка и дали сумите се реални ќе зборуваме детално во наредните денови. Ако ова се потврди, ќе биде уште едно кривично дело во серијата сомнителни тендери на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Ристова.