Свет
Мадуро победи на изборите во Венецуела, опозицијата ја повика војската

Претседателот Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела, според делумните резултати објавени од страна на избирачкиот совет.
Шефот на Националниот изборен совет, Елвис Аморосо, рече дека по пребројувањето на 80 отсто од гласовите, Мадуро имал 51,20 отсто од гласовите наспроти 44,02 отсто за неговиот главен ривал.
Опозицијата на Венецуела обвинува „широко распространета измама при броењето гласови“ и вети дека ќе ги оспори резултатите. Се обедини зад кандидатот Едмундо Гонзалес за да се обиде да го собори Мадуро по 11 години на власт.
Опозицијата распореди илјадници сведоци на избирачките места во целата земја за да може сами да ги пребројат гласовите. Сепак, портпаролката на коалицијата предводена од Гонзалес рече дека нивните сведоци биле принудени да заминат на многу избирачки места.
Опозицијата исто така ги повика симпатизерите да бдеат во избирачките центри за да го следат процесот на броење во одлучувачките часови по затворањето на гласачките места.
Анкетите на јавното мислење му дадоа на Гонзалес големо водство пред Мадуро.
Многу гласачи рекоа дека сакаат промени по 25 години од социјалистичката партија.
Лидерот на опозицијата, Марија Корина Мачадо, ја повика војската да се спротивстави на резултатите.
„Порака до армијата. Народот на Венецуела одлучи: не го сака Мадуро“, напиша Мачадо на „Икс“. „Време е да се најдеме на вистинската страна на историјата. Имате шанса, сега“.
Армијата на Венецуела го поддржува претседателот Мадуро, а воените функционери јавно не навестија дека решиле да му се спротивстават, забележува „Ројтерс“.
Министерот за одбрана, генерал Владимир Падрино, изјави дека вооружените сили ќе ги почитуваат изборните резултати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Наставничка имала сексуални односи со 15-годишен ученик, му испратила 25.000 СМС пораки

Алисон Хејвман-Нидрах (44), поранешна професорка по дефектологија во Њу Џерси, е обвинета дека испратила 25.000 СМС пораки на ученик од осмо одделение (15), кого наводно го злоставувала минатата година.
Овие пораки покажаа дека двајцата имале сексуален однос, вклучувајќи фотографии и видеа на кои тие се впуштаат во ризично однесување. Нивните односи наводно се одвивале во хотели. Нејзината жртва првично негираше каква било поврзаност со Хавеман-Нидрах, кажувајќи им на инспекторите дека е во врска со ќерка на учителката, но лагата брзо се разоткрила. Неколку дена подоцна и признал се’ на мајка си. Таа ги контактирала надлежните за да ги извести и нејзиниот син бил пренесен во болница на психолошка евалуација.
Таа беше пуштена во домашен притвор во јули, каде и беше кажано дека не може да зборува со ниту едно дете освен со нејзините две и не и беше дозволен пристап до компјутер.
Помошникот на окружниот обвинител Даниеле Занзуки претходно изјави дека наставничката била опседната со тинејџерот, а истрагата била покрената откако вработените во училиштето го вклучиле алармот.
Свет
Жена почина во авион за Ливерпул

Шеесет и седумгодишна жена почина на летот на „Изи Џет“ покрај херојските напори на сопатниците да и го спасат животот, јавува порталот GB News.
67-годишната патничка доживеала срцев удар за време на нејзиното патување во вторникот, 25 март, додека летала од Тенерифе за Ливерпул.
Летот, кој полетал од Тенерифе бил пренасочен на аеродромот Сантијаго-Росалиа де Кастро, каде што ја пречекале медицински екипи.
За жал, жената починала во авионот пред леталото да може да слета.
Сведоците опишаа за „Ливерпул ехо“ како сето тоа се одвивало на надморска височина од повеќе од 11 километри.
Еден од патниците, кој сакал да остане анонимен, бил меѓу оние кои дошле на помош кога персоналот побарал помош.
„Персоналот донесе резервоар за кислород и дефибрилатор, додека медицинската сестра, физиотерапевтот и јас наизменично вршевме реанимација на жената“, рече тој.
Регион
„Исклучете го ова!“ – на настап на српска пејачка активирана пиротехника, таа веднаш јавно реагираше

Српската пејачка Барбара Бобак, настапи синоќа, на 28 март, во Загреб.
За време на нејзиниот настап во клубот, додека беа вклучени огнените прскалки, Барбара реагираше и меѓу стиховите рече: „Исклучете го ова“.
Реакцијата е поради трагедијата во Кочани, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар во дискотека. Меѓу загинатите има и членови на популарниот бенд ДНК, пишува српски „Телеграф“.
Со оглед на сериозноста на настанот, Барбара сакала да избегне слична ситуација, потсетувајќи ги сите на одговорноста за безбедноста за време на забавата.
И петходно Барбара Бобак, дента кога се случи трагедијата во Кочани, изрази загриженост за употребата на пиротехнички средства.
„Ужас, не можев да поверувам, тоа беше првото нешто што го прочитав кога се разбудив. Ми беше многу тешко, особено затоа што дури подоцна сфатив дека тоа се случило, колку што можев да видам, поради тие проклети огномети, кои ме тераат да врескам и никогаш да не ги пуштам. Тоа е ѓубре, и тие се очигледно опасни, многу ми е жал, јас сум отсутна, не знам што да кажам. Мислам дека треба да се воведе закон за забрана на пиротехника“, изјави на 16 март пејачката за „Блиц“.
„Телеграф“ потсети и дека меѓу оние што го преживеаја пожарот во Македонија, многумина се префрлени во болниците во Србија. Трагедијата длабоко ја потресе и пошироката јавност, потсетувајќи на важноста од обезбедување безбедност на јавни места, што Барбара, како што пишува „Телеграф“, не сакала да го занемари.