Македонија
Таравари потврди: Мала концентрација формалдехид е најдена во хируршките сали во Клиничкиот центар
Во системот за кислород и компримиран воздух во Клиничкиот центар е пронајдена мала концентрација формалдехид, потврди денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Хируршките сали беа затворени на 22 мај откога смрдеа се рашири од дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух, а неколку дена подоцна салите беа отворени, но со надворешни компресори. Пациентите и вработените се жалеа на силна смрдеа, печење во очите, носот и грлото, симптоми идентични на оние предизвикани по изложување на формалдехид.
„Има одредени информации дека е најдена, да речам, одредена мала концентрација формалдехид, меѓутоа официјално сѐ уште немам добиено ништо. Ние веќе работиме на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Се надевам што побргу ќе го решиме овој проблем, да не зборуваме за вакви теми повеќе, кои се непријатни и неубави за сите граѓани бидејќи создаваме ситуација на несигурност кај пациентите. Засега хируршките сали во Клиничкиот центар, повеќето од нив функционираат и се надевам така ќе продолжиме“, рече министерот Таравари одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на бесплатни тестови за хепатитис Б, Ц и ХИВ на плоштадот Македонија во Скопје.
Тој вели дека летово операциите ќе се извршуваат заедно со Градската општа болница „8 Септември“ и хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ за граѓаните и пациентите да бидат мирни и спокојни.
Минатата недела, пак, министерот рече дека потешките операции, за кои нема услови во Клиничкиот центар оти се работи со надворешни компресори, до декември ќе се прават во ГОБ „8 Септември“ и во поранешната градска болница „Св. Наум Охридски“ оти дотогаш очекува да заврши поставувањето нова компресорска станица. Тендер за неа допрва ќе распише Министерството за здравство откога никој не се јави на тендерот распишан од ЈЗУ УК Завод и ургентен центар – Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

