Економија
Халк банк пет години трансформира екоизбори во секојдневни навики преку „Халкеко“
Петтoто издание на хронометар велосипедската трка Halk Velo Green ќе се одржи на 8.септември во Маврово, а сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, за учество можат да се пријават најдоцна до 3. септември преку www.smartrace.club. Велосипедската трка, петта година по ред ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco.
Стартот на трката ќе биде на големиот паркинг пред спортската сала, а на истото место ќе биде и целта. Се вози до пред Хотелот Радика каде се врти полукружно и потоа велосипедистите се враќаат назад по истата патека. Патеката е со должина од 22 км за натпреварувачите во категориите ХОБИ и ЈУНИОРИ, и 12 км за децата кои ќе се наптреваруваат во категоријата ДЕЦА.
Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата.

И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови.
За забавниот дел од програмата ќе се погрижат шоуменот Викса и ди-џеј Јорданов Александар, а за храната Jоjo’s barbecue. За најмалите ќе биде организирана и рекреативна трка со балансери и тротинети, а за тоа време ќе ги бодри добропознатиот Халки.

Велосипедската трка Halk Velo Green е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco (www.halkeco.mk). Со апликацијата, банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. При извршување на активност како трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции.
Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката на Халкбанк, се поставени на веб страницата: halkvelogreen.mk
HalkVeloGreen е дел од општествено одговорните активности на Халкбанк насочени кон поттикнување и негување здрави животни навики и заштита на природата, а кои се реализираат преку платформата ХалкЕко.
Започната во 2020 година, оваа трка побуди голем интерес кај луѓeто кои го користат велосипедот за спортување, рекреација или како превозно средство.
HalkVeloGreenуспешно ја постигнува и својата зелена мисија, преку донациите за засадување над 20.000 садници во македонските шуми – со средства генерирани во заедништво на организаторот и учесниците на трката.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

