Македонија
Воведување сеопфатно сексуално образование во училиштата, бара ЛДП
Форумот на жените на ЛДП со апел до министерката за образование и наука за воведување сеопфатно сексуално образование во училиштата.
„Податоците од Македонската асоцијација на гинеколозите и опстетричарите (МАГО), покажуваат дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 2023 година имало 3,5 пати повеќе абортуси во споредба со 2020 година.
Во 2020 година биле извршени 324 абортуси, во 2021 година имало 554, во 2022 година – 615, а во 2023 година – 1.133 абортуси.
Загрижува фактот дека стапката на адолесцентна бременост на девојките на возраст од 15 до 19 години сѐ уште е многу висока и опфаќа 4,2 % од вкупните раѓања, односно годишно 100-ина млади девојки под 20 години абортираат“, информираат од ЛДП.
Од тие причини Форумот на жените на ЛДП апелира до министерката за образование и наука за воведување сеопфатно сексуално образование во училиштата, што претставува, како што велат, и едно од програмските заложби на Либерално-демократската партија со години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

