Спорт
(Видео) Векиќ ја елиминира втората во светот – Гоф во солзи го заврши мечот
Хрватската тенисерка Дона Векиќ се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз. Моментално 21. тенисерка во светот за два часа игра беше подобра од втората тенисерка на ВТА листата, Американката Коко Гоф со 7:6 (9), 6:2.
Мечот го одбележа контроверзниот момент на крајот од вториот сет кога Гоф беше жртва на лоша судиска одлука.
При еден удар Векиќ топката заврши на линијата, но судијата викна аут, а во тој момент Гоф одигра со топката и ја испрати во мрежата. Следуваше корекција на главниот судија кој и го додели поенот на Векиќ.
Гоф му се побуни на судијата, кој не сметаше дека таа е никако деконцентрирана и дека поенот му припаѓа на Векиќ.
Така не мислеше и Американката која беше трогната до солзи, се вклучи и публиката која сакаше да и даде поддршка.
Тоа не ја спречи Дона, која прво го потврди брејкот, а потоа направи уште еден за пласман во четвртфиналето.
За пласман во полуфиналето ќе се борат против подобрата од дуелот Марија Сакари и Марта Костјук.
Huge argument in the Donna Vekic – Coco Gauff match. Umpire called the ball out before Gauff returned the ball and missed it in break point for Vekic. Ball was in. Coco Gauff crying and saying this always happens to me 😭 pic.twitter.com/Fv8zreC1hY
— edgeAI (@edgeaiofficial) July 30, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен во солзи му се заблагодари на тимот
Четврта година по ред, Макс Ферстапен е светски шампион во Формула 1. Ја одбрани титулата на две трки пред крајот на Големата награда на Лас Вегас, каде што не смееше да освои два бода помалку од единствениот преостанат натпреварувач, Ландо Норис, а со петтото место освои бод повеќе и ја зголеми предноста на недостижни 63 бода.
„О Боже каква сезона… Четири пати! Фала на сите. Беше малку потешко од лани, но ја извлеков сезоната, дадов се од себе“, порача Ферстапен низ солзи преку тимското радио.
Неколку моменти подоцна беше снимено неговото обраќање до неговиот тим Ред Бул.
“Не мислев дека ова е можно, но го направив тоа благодарение на вас. Фала уште еднаш”, рече тој.
Ферстапен се израмни со Алан Прост и Себастијан Фетел со четвртата шампионска титула, а пред него се само Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум титули и легендарниот Хуан Мануел Фанџо со пет.
Спорт
Ни смешно, ни културно: Објавувата на Црвена звезда е под нивото на сериозен клуб
Манчестер сити вчера претрпе пораз од 0:4 од Тотенхем во Премиер лигата, што во беше знак за администраторите на фудбалскиот клуб Црвена звезда на социјалните мрежи да се потсмеваат со клубот кој во последните четири години го освојуваше англискиот шампионат.
Тимот на Пеп Гвардиола е во серија од пет последователни порази, што никогаше не му се случило на трофејниот шпански стручњак.
Во Звезда решија да го коментираат ова со скриншот од таа серија неуспеси на фотографија со две бебиња, од кои насмеаното е претставено како српскиот, а она што плаче како англиски клуб.
Hard times, my friend. @ManCity
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/yLYCurpVzO
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) November 23, 2024
„Новиот пораз на Манчестер сити донесе непотребна и многу одвратна реакција на официјалниот профил на социјалната мрежа „Х“ на ФК Црвена звезда. ПР-секторот на српскиот шампион се обиде да биде хумористичен, но во основа му предизвика срам на клубот“, пишува српското издание на „Спорт Клуб“.
Hi @realmadrid, we may have lost, but we scored two goals. 👋
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/QXG3xEizAS
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) November 7, 2024
„Црвена звезда со порака: „Тешки времиња, пријателе“ и исмејувајќи ја серијата порази на Манчестер сити, неиспровоцирано реагираше на резултатите на клубот со кој се сретнаа во Лигата на шампионите минатата сезона“, се додава, потсетувајќи дека белградскиот клуб во минатото го исмеваше и Реал Мадрид и истакнува: дека „се поставува прашањето дали Црвена звезда има намера од сериозен професионален клуб да премине во статус на „кловн“ кој ќе привлече внимание со објави на социјалните мрежи“.
Спорт
Џек пот за Мерцедес, Џорџ Расел и Макс Ферстапен во Лас Вегас
Џек пот за Мерцедес и возачот на Ред Бул Макс Ферстапен на трката за Големата награда на Лас Вегас.
Низ улиците на „градот на гревот“ победи Џорџ Расел, пред тимскиот колега Луис Хамилтон. Помладиот од двајцата Британци ја забележа третата победа во кариерата, а Мерцедес прв пат по 2022 и трката во Бразил забележа еден-два победа. Ферстапен од друга страна заврши на петтото место, но успеа да ја обезбеди четвртата шампионскат титула.
Трката во Лас Вегас покрај победникот и старо-новиот шампион ја обележа и Луис Хамилтон. Седумкратниот првак е возач на денот, стартуваше од 10.место, возеше брилијантно и благодарение на добрата тимска стратегија успеа да дојде до второто место.
Покрај возачите на Мерцедес место на подиумот избори Карлос Саинц од Ферари, зад него беше неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Наредната трка, претпоследна во сезоната ќе се вози следнот викенд во Катар.