Регион
(Видео) Додека огнот ја голта земјата над Сутоморе, туристите на шеталиштето играат оро
Додека пожарникарите неуморно работеа на гаснење на пожарот во Сутоморе, Црна Гора, а жителите беа загрижени за своите животи и имоти, на Инстаграм се појави видео коешто ја подели јавноста.
На само неколку километри од огнот, во подножјето на ридот, луѓето играа оро на шеталиштето, пренесе „Блиц“.
Како што можете да видите на видеото, на шеталиштето во Сутоморе играат голем број млади луѓе. Одекнуваат звуци на автомобил и извици, додека во позадина може да се забележи пожарот кој ја зафатил шумата.
View this post on Instagram
Видеото брзо стана вирално и предизвика поделени мислења. Додека едни осудуваа, други ги поддржуваа младите луѓе.
„Кој ја смислил изреката: „Село гори, баба се чешла“, мислел на ова“.
„Луѓето дојдоа на одмор и секој од нив веројатно има некаков проблем. Кој гледа позитивно на животот, неговиот живот е подобар“.
„Секој што не полудува овде не е нормален!“.
„Дали тие би играле така ако гори улицата каде што живеат“.
„Можно ли е да се расправаме за ова одиграно оро? Секогаш треба да бидете весели, позитивни… Зошто да не играте уште едно. Секој денес има некаков проблем во својот живот. Зошто да не се опуштите, да не играте? Не треба само се да помрачиме и да гледаме негативно“, се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Вчера околу 18 часот на Сутоморе избувна пожар кој зафати дел од шумата и ситна вегетација. Пожарот беше видлив дури и од Бар, а драматичните снимки од пожарот брзо се проширија низ социјалните мрежи.
Според граѓаните, пожарот се уште не е локализиран.
Командантот на Службата за заштита и спасување на Бар, Ацо Вулевиќ, изјави дека се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, пренесуваат црногорските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

