Македонија
Состојбата со пожарите е тешка, но не е алармантна, рече Ангелов и повика да не се создава непотребна паника

Состојбата е тешка, но не е алармантна. Ваква е оценката на првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, за пожарите кои беснеат во државата.
Ангелов апелира до граѓаните да не излегуваат во јавноста со непотребни апели за собирање на луѓе.
„Имаме доволно припадници на армијата и на полицијата. Граѓаните не секаде може да бидат од корист, а некаде дури можат и да пречат. Тие можат да бидат корисни во одбрана на населените места кога огнот загрозува некое село или како синоќа кога постоеше мала можност огнот да дојде до градот Пехчево. Во тој случај на ивицата на градот можат да бидат корисни, но во гаснењето не треба да учествуваат освен ако не се прифатени од локалните командири на противпожарните единици“, рече Ангелов и повика да не се создава непотребна паника.
Инаку, утрово два хеликоптери полетаа кон Пехчево каде веќе активно учествуваат во гаснењето. Ќе им се придружи уште еден, а за кратко ќе полетаат и трите ертрактори на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во меѓувреме, донесена е одлука до Владата да се предложи активирање и т.н. НАТО механизам за помош, преку кој ќе може државата да бара и добие искусни пожарникари. Во овој момент, Ангелов вели дека не постои потреба да бидат испратени пожарникари на помош, но не ја исклучува можноста да дојде до тоа.
Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 66 пожари пожари на отворен простор, од кои во моментот 12 се активни, 3 се под контрола и 51 се изгаснати.
Меѓу нив има и неколку депонии за кои Ангелов вели дека не треба да се потценуваат, со оглед на тоа што вчера пожарот кај Дојран се рашири од депонија, а потоа беа зафатени неколку ниски куќи. Овој пожар се уште е активен, но според последните информации не го загрозува градот.
Во моментот најсериозни пожари има во Пехчево, Старо Нагоричане каде пожарот се движи кон селата Малотино, Враготурце и Жегљане. Пожарот на територијата на Кратово кај селото Татомир кој се шири кон општина Куманово и општина Свети Николе. Понатаму општина Македонски Брод 1 – селата Тажево, Брезница, кракот кон Јасен, општина Свети Николе кај селата Макреш, Горно и Долно Ѓуѓанци, Строиманци и Ранченци. Активен е и вториот пожар кај Свети Николе над селата Ерџелија, Немањци и Малино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
„Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода.
На лице место, покрај претставниците од МВР и обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика.
Македонија
Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи, објави Министерството за здравство

Министерството за здравство информира дека од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.
– Интересот на граѓаните за бесплатната вакцинација против сезонски грип секоја година е сѐ поголем, што покажува зголемена свесност за значењето за заштита од грип, и уште еднаш ја потврдува важноста и потребата од оваа превентивна мерка. Ги повикувам граѓаните, а посебно лицата од ризичните категории навреме да го заштитат своето здравје. Министерството годинава набави историски најголем број вакцини против сезонски грип – 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.
Македонија
Сестринската професија со децении била потценета и маргинализирана во системот: Алиу ги сослуша претставниците на Унијата на медицински сестри

Министерството за здравство ја почитува улогата и професионалниот придонес на медицинските сестри во здравствениот систем. Најнапред, во однос на вчерашната јавна дискусија, ја информираме јавноста дека станува збор за еден од повеќето чекори во тековниот процес на системско усогласување на 12 закони во здравството. Процесот е етапен, континуиран и максимално инклузивен, со вклучување на стручни здруженија, институции од системот, комори и меѓународни партнери, истакнуваат од ова министерство откако Унијата на медицински сестри реагираше дека не се сослушани нивните ставови.
„Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги прими претставниците на Унијата на медицински сестри ЗМСТАС „За нас“ и ги сослуша нивните ставови. На средбата јасно беше истакнато дека процесот за усогласување на 12-те закони не е затворен ниту финализиран, туку продолжува по етапи, со можност стручните забелешки да се вградат пред влегување во собраниска процедура. Министерот апелираше процесот да не се политизира, туку да остане во рамки на професионален дијалог и аргументирани предлози, во интерес на пациентите и целокупниот здравствен систем“.
На средбата Алиу истакнал дека ја препознава реалноста дека сестринската професија со децении била потценета и маргинализирана во системот — и токму затоа тековните реформи имаат цел системски да ја унапредат нејзината позиција, статус и глас во креирањето политики.
„Воедно потенцираме дека процесот на усогласување на пакетот од 12 закони е во тек и не е завршен. Тој ќе продолжи инклузивно и отворено, а секоја заинтересирана страна ќе има можност да даде свој придонес сè до моментот кога законските решенија ќе влезат во собраниска процедура и ќе бидат разгледувани и изгласани од пратениците“.
Унијата на медицинските сестри претходно реагираше и бараше да бидат слушнати нивните ставови.