Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Битола
Синоќа во 21.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дански национални ознаки, управувано од К.Ц.(21) од Данска и патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од с.Бистрица, битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и неговата сопатничка Л.М.(60) од с.Бистрица, додека со телесни повреди се здобил возачот К.Ц., констатирани во Клиничка болница Битола. Во несреќата било оштетено и паркирано возило „опел“ без регистарски ознаки, паркирано од Б.С.(59) од Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.
Црна хроника
Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес.
По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

