Македонија
Минчев за балансерот: Каков било коментар од колегите од „Вреди“ е беспредметен, мора да ги почитуваме законите
Не стивнуваат јавните реакции на коалициските партнери во Владата, Движење за Македонија – ЗНАМ и „Вреди“, за новиот балансер за вработување во јавната администрација, кој ги исклучи од пресметките иселениците и ги намали процентите за застапеност на етничките заедници. Денес, министерот за јавна администрација одговори на вчерашните забелешки од „Вреди“, од каде што порачаа дека антиалбанската доктрина нема да ја направи ЗНАМ голема партија.
„Балансерот е воопшто злоупотребуван. Тоа значи дека Македонци се пишувале Албанци, Албанци се пишувале Македонци, припадници на другите етнички заедници се пишувале или Македонци или Албанци со цел да се вработат во јавните институции. Целта на балансерот е да има правична застапеност на етничките заедници. Она што како коментар го дадов вчера е почитување и спроведување на законите. Ние како министри мораме да ги почитуваме законите. Каков било коментар од колегите од ‘Вреди’ е беспредметен. Се надевам дека и нивната интенција е да се почитуваат законите“, рече министерот Минчев денес по дискусијата „Сите за заедно за квалитетна јавна администрација и ефикасен јавен сектор“.
Тој уште еднаш објасни дека новиот балансер е доследно почитување на Законот за вработени во јавниот сектор, каде што децидно стои дека балансерот се однесува исклучиво на граѓаните на територијата на Република Македонија, односно се однесува на резидентното население. Министерот Минчев нагласи дека и покрај многубројните забелешки, тој нема да отстапи од почитување на законите онака како што се напишани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

