Македонија
Николовски: СДСМ со амандман, земјоделците и понатаму да добиваат 30% предвремена исплата на субвенции
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната седница на собраниската комисија за финансирање и буџет го образложи предложениот амандман на СДСМ за ребалансот на буџетот, кој предвидува да продолжи да се применува новиот модел на субвенционирање, со кој земјоделците добиваат 30% предверемена исплата на субвенции и е замена на популситичкиот модел на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се заглави со исплати на субвенции, со правење списоци и селекции.
-Го променивме популистичкиот, груевистички модел на субвенционирање на се и сешто во државата, модел на селективна исплата на субвенции, на ненавремена исплата и да го замениме со нов модел за потпишување решенија за исплата на субвенции, во еден ден за сите лозари, во еден ден за сите тутунари, во еден ден за сите полјоделци, истакна Николовски, додавајќи дека земјоделците ја знаат таа пракса и се научија на Св. Трифун да добиваат субвенции лозарите, дека во следните 2 месеци без никаква селекција ги добиваат сите останати.
Николовски нагласи дека се очекува воспоставената пракса да продолжи токму и заради тоа што во текстот на ребалансот се поддржува новиот модел на субвенционирање.
Во текстот на ребалансот покрај се друго што се поддржува, односно континуитетот на успешните политики, се потенцира новиот модел и се она што го предвидува и токму затоа го поднесуваме овој амандман со којшто се бараат 2 милијарди денари, кои се уште не се создадени обврски, заради тоа што пријавувањето на субвенциите се уште трае. И ова ја демаскира лагата дека тоа се пари што некој не ги предвидел, нагласи Николовски.
Николовски истакна дека треба да се направат напори да се најдат овие 2 милијарди и да се продолжи со предвремена и авансна исплата на субвенциите.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која во 2017 година остави близу 5 милијарди денари долг од претходни години, денеска имаме 0 долг по претходни години, наследивме несиплатени 5 години, затворени винарии како Повардарие, Петра, Џумајлија, да не зборуваме за Сведмилк и други афери, неисплатени лозари, коишто ги исплаќавме, во 2017 година, кога ја преземавме власта не беше исплатен тутунот, не беа исплатени основните сунвенции, имавме ризик од укинување на ИПАРД фондовите, имавме протести, имавме исплата на субвенции пред избори, 58 милиони евра во 2014 година и многу други скандали и неправилности, нагласи Николовски.
Тој постети дека критикуваниот популистички модел со кој не се евидентира производството, со кој не се пријавува производството туку се даваат субвенции само по површина, е заменет со нов, кој ги зголеми средствата и го насочува производството кон стратешките култури.
Земјоделците треба да знаат дали до крајот на годината, ќе добијат 30% предвремена исплата на субвенциите кои треба да ги добијат во 2025 година. Ако за оваа влада е приоритет земјодлество, ќе го направи истото што и претходната влада, не на почеток на година, не со ребаланс, туку на крајот на годината со репрограм на неискоритени средства коа беа додадени 2 милијради за авансна исплата за земјоделците, порача пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

