Регион
Козарската чума продолжува да се шири во Грција, владата воведе мерки за борба против болеста
Козарската чума, позната и како Peste des Petits Ruminants (PPR), продолжува да се шири во Грција откако минатиот месец беше откриен првиот случај, а владата воведе привремена забрана за движење или колење овци и кози. Чумата зафати 22 фарми, главно во централна Грција, 12.000 животни беа евтанизирани, а повеќе од 30.000 беа тестирани, пренесува „Ројтерс“.
Вирусот не ги инфицира луѓето, но е многу заразен меѓу козите и овците и може да убие до 70 отсто од заразените животни. Кога ќе се открие случај на чума, потребно е да се убијат сите животни на фармата, која потоа се дезинфицира, а властите ги тестираат животните во блиските области за болеста во согласност со протоколите на ЕУ.
Георгиос Стратакос, висок функционер во Министерството за земјоделство, рече дека вирусот е увезен, но дека сѐ уште не е утврдено од каде. Тој нагласи дека забраната ќе трае до недела и потоа повторно ќе биде разгледана.
Владата бара компензација за оние што изгубија добиток за време на уништувањето или беа погодени од забраната, додаде тој. Локалните фармери тврдат дека вирусот се шири во Грција затоа што ветеринарните клиники немаат доволно персонал и не ги почитуваат пропишаните медицински протоколи. Иако бројот на заразени животни сè уште не е критичен, расте загриженоста кај грчките фармери бидејќи тие истовремено се соочуваат со ефектите од климатските промени, како што се екстремните горештини и поплавите.
PRP првпат беше откриен во Брегот на Слоновата Коска во 1942 година и оттогаш се прошири во други африкански земји, како и во Азија и Европа. Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство проценува дека болеста секоја година на глобално ниво доведува до загуби до 2,1 милијарди долари, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

