Македонија
Црвениот крст отвори сметка за помош за справување со последиците од пожарите
Црвениот крст преку своите мобилните тимови е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.
При теренските активности дистрибуирани се 200 пакети со храна и 200 хигиена , 20 тона вода за силите кои гасат во зафатените региони со пожари. Поставени се танкови – системи за полнење на хеликоптери со вода кој го скратува времето за гасење пожар со вкупен капацитет од 8.000 литри со постојано надополнување, опслужувани од тимови од Црвен крст и тимови од локалните самоуправи во соодветните региони.
Црвениот крст отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП) за настраданото население од пожарите. ППП се обезбедува од оспособени волонтери на Црвениот крст. Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува благосостојбата на граѓаните. Отворени телефонски линии за прва психолошка помош:
– Скопски регион 072/271-048
– Пелагониски регион 047 / 236-019
– Југозападен и полошки регион 072 / 239-051 и 072 / 239-077
– Источен, североисточен и југоисточен регион 071/223-691
– Вардарски регион 043/231537
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.
– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Црвениот крст упатува голема благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои се вклучија во хуманитарната акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

