Свет
Австралија: Хуманитарни работници загинаа поради сериозни пропусти на Израел

Наодот на австралиската влада за смртта на хуманитарните работници во Газа покажа дека сериозните пропусти на израелската војска во следењето на процедурите доведоа до воздушни напади врз возилата на хуманитарните работници, изјави денеска министерката за надворешни работи, Пени Вонг.
Во израелските воздушни напади во април загинаа седум работници во добротворната организација „Ворлд централ кичен“ во Газа, што предизвика широка осуда од Соединетите Држави и неколку сојузници.
Меѓу загинатите имаше државјани на Австралија, Велика Британија и Полска, како и Палестинци и двоен државјанин на САД и Канада. Австралискиот преглед на смртните случаи објавен денеска откри сериозни пропусти во процедурите на израелските одбранбени сили (ИДФ), погрешна идентификација и грешки во донесувањето одлуки.
ИДФ го нарече инцидентот сериозна грешка што не требаше да се случи.
Вонг рече дека Австралија ќе се заложи за целосна одговорност за одговорните лица, вклучувајќи и кривични пријави доколку е потребно.
„Израелскиот јавен обвинител допрва треба да одлучи за понатамошни дејствија“, рече таа во изјавата. очекувајќи транспарентност во однос на постапката и одлуката на јавниот обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.
Свет
Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога мировните преговори се во застој.
Според здравствени извори, голем дел од жртвите се убиени додека чекале хуманитарна помош во близина на граничниот премин Зиким со Израел. Меѓу загинатите има и четири лица од иста семејна зграда во градот Газа.
Организацијата на Обединетите нации предупреди на ризик од масовна глад во енклавата, и покрај тврдењата на Израел дека не ги блокира доставите на помош. Според ОН, големиот дел од помошта не може да стигне до населението поради воени блокади и грабежи.
Преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас се прекинати, откако американските и израелските преговарачи се повлекоа од Катар. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека се разгледуваат „алтернативни опции“, додека Хамас смета дека повлекувањето било тактика на притисок.
Свет
Поради пожарите во Турција евакуирани се над 2.600 лица

Турската Дирекција за управување со вонредни ситуации (АФАД) евакуираше 2.619 лица откако оваа недела Турција се соочи со серија интензивни шумски пожари во повеќе провинции, јави весникот „Дејли сабах“.
Пожарите, поттикнати од екстремно високи температури, силен ветер и сушно време, мобилизираа илјадници спасувачи и доброволци кои учествуваат во гаснењето на огнот. Екипите се активни од воздух и копно, а според АФАД, ангажирани се 4.231 лице, 45 летала и 1.236 копнени возила.
Најтрагичниот инцидент се случи во средата, во руралниот дел на провинцијата Ескишехир, каде животот го загубија десет лица – пет шумски работници и пет припадници на организацијата АКУТ за пребарувачко-спасувачки операции, додека се бореле со огнената стихија.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави во петокот дека во гаснењето учествуваат 27 авиони, 105 хеликоптери, 6.000 возила и 25.000 лица. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите.