Македонија
Македонски Концепт со три делегации им оддаде почит на илинденците
Политичката партија Македонски Концепт по повод најзначајниот празник на Републиката, Илинден испрати три делегации кои поклонија свежо цвеќе на Мечкин Камен во Крушево, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и пред споменикот на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев во Скопје.
Делегациите беа предводени од Проф. д-р. Петар Богојески, претседател на МК, др. Весна Марковска, регионален координатор на МЖК за ИЕ5, Петре Трпкоски, организациски секретар на МК и др. Стефан Талев, регионален координатор на МК за ИЕ5 во Крушево.
Делегацијата во Пелинце ја предводеа Љупчо Смилев и Самуел Наумовски Викиус, потпретседатели на МК и Марија Илиевска, административен секретар на МК.
Свежо Цвеќе пред споменикот на Никола Карев поклони делегацијата составена од м-р. Владимир Бангиевски, Извршен директор на МК, д-р. Оливера Клинчарова, Тим лидер на Стратешки совет на МК и Горан Велјановски, Тим лидер на Интервентен тим на МК.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 8 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -5 до 5, а дневните од 8 до 14 Целзиусови степени.
Македонија
Скопје и вечерва меѓу најзагадените градови во светот
Скопје е меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir.
Во текот на денов, главниот град постојано беше на врвот на листата според штетните честички во воздухот.
Со значително загаден воздух се и Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар.
Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?
1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.
2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.
3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.
4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.
5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.
Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?
1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.
2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.
3. Користете домашни прочистувачи на воздух.
4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.
5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.
6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.
7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.
8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.
9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.
Македонија
Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Штип: Создаваме функционална полиција во служба на граѓаните
Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Штип, штипската сообраќајна полиција и полициската станица во Свети Николе.
При посетата директорот Јанев лично имаше можност да се запознае со условите во кои работат полициските службеници и да поразговара за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.
Директорот Јанев во разговорите со колегите потенцираше дека е од приоритетна важност полициските службеници да имаат соодветни услови за работа и дека нивното унапредување е на врвот на приоритетите на БЈБ и МВР.
Од страна на Јанев беше потенцирано дека посетите на сите организациски единици на полицијата ќе стане редовна пракса и активност со цел квалитетен увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото за јавна безбедност, подобрување на условите за работа со цел создавање на функционална полиција која ќе биде во служба на граѓаните и целосно спроведување на законот кој еднакво важи за сите.