Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е ограбена, претходната влада сакала за пругата кон Бугарија да потроши 560 милиони евра, а завршува со тунел без излез

Претходната влада предводена од СДС и ДУИ предвидела, ни помалку ни повеќе, 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.
„СДС и ДУИ покажале дека водејќи ја владата ништо не им било важно, туку само да спроведуваат тендери.
СДС и ДУИ сакале за третата делница од 24 километри да потрошат 560 милиони евра. Или километар според СДС и ДУИ би чинел околу 23 милиони евра.
Што зборува ова?
Македонија е ограбена држава! Македонија е држава оставена со големи проблеми, со неплански проекти затоа што претходната власт на СДС и ДУИ имала само една цел – да спроведува тендери за лична корист“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.