Спорт
(Видео) Светот на атлетикаа е воодушевен од чудесната трка на Фенке Бол
Холандската микс штафета на 4×400 метри го освои златниот медал на ОИ во Париз. Во финалето на спектакуларната трка, Холандија ја победи штафетата на САД, која ден претходно постави нов светски рекорд во оваа дисциплина.
Светските медиуми пишуваат и ја коментираат трката, особено се воодушевени од Фемке Бол која ја трчаша последната измена за Холандија.
Бол е извонредна атлетичарка, меѓутоа во финалето доби тешка задача од колегите. Таа во последната измена влезе од четвртото место, веднаш започна да ја намалува предноста на противничките, во псоледните 100 метри дојде до третото место, а потоа во спектакуларен финиш ги престигна штафетите на Велика Британија и САД.
Покрај Бол во холандската штафета трчаа: Јуџин Омала, Лике Клавер, Исаја Клајн Икинк.
Femke Bol's insane run to take Netherlands from 4th place to Gold in the Mixed relay 4×400 racepic.twitter.com/RnSVn9Vima
— St_Hill (@St_Hill) August 4, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Херојска борба во Хернинг – Македонија ремизираше со Португалија
Македонија одигра нерешено со Португалија 29:29 (13:15), во второто коло на Европското првенство во ракомет.
Македонија, предводена од капитенот Филип Кузмановски, ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Покрај капитенот, херој е и голманот Томовски кој одбрани два зицери во 20 секунди, кога Португалците напаѓаа за победа.
Жестока борба водеа Македонија и Португалија во текот на целиот натпревар, во арената во Хернинг.
Водеше Македонија на стартот со 4:2, Португалија се врати во мечот и се до финишот на полувремето се играше реиси гол за гол.
Финишот на првиот и почетните четири минути од второот полувреме беа лоши за Македонија. Во тој период Португалците постигнаа пет гола.
До крајот на мечот Македонија ја бркаше предноста на ривалот, а на четири минути до крајот резултатот беше 26:26. Во реостанатото време двата тима постигнаа по три гола, штета што избраниците на Кире Лазаров не добија шанса да имаат напад за победа.
Кузмановски го предводеше македонскиот тим со 15 голови, на споритвнат страна се истакна Кико Кошта со 11.
Во последното коло, во вторник, Македонија ќе игра против Романија, а Португалија против Данска.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Виола излезе од кризата – Фиорентина победи во Болоња
Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст.
За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет.
Триумфот на стадионот „Ренато Далара“ беше трет во последните 27 дена и прв на гостински терен оваа сезона.
Во Фиренца дефинитивно сега дишат полесно, но се свесни и дека вистинската работа допрва доаѓа.
Стрелци за тимот на Паоло Ваноли беа Роландо Мандрагора и Роберто Пиколи, кои во првото полувреме, кое беше одлично за гостите, а катастрофално за Болоња, му донесоа на својот тим капитална предност против тим кој се стреми кон европски позиции.
Колку тренерот на домашниот тим, Винченцо Италијано, беше незадоволен од играта на својот тим во првите 45 минути, најдобро покажува неговиот потег да направи четири замени веќе на полувремето.
Ги остави во соблекувалната напаѓачите Холм, Орсолини, Фројлер и Одгард, а наместо нив ги внесе Зорте, Роу, Моро и Фабијан.
И токму еден од резервните играчи, Фабијан, внесе неизвесност во натпреварот кон крајот, со голот ва 88-та минута, но Болоња не успеа да се спаси од пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул го сака Камавинга?
Ливерпул наводно сериозно ја разгледува опцијата за трансфер на играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, тврди „Фихајес“.
Англичаните веруваат дека Камавинга е совршено решение за тимот на Арне Слот и се надеваат дека ќе го искористат моменталниот хаос во Мадрид за да го убедат да се пресели во Премиер лигата.
„По заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал Мадрид, внатрешната ситуација во клубот се движи во неочекуван правец и ја отвори вратата за реконструкција на тимот. Едуардо Камавинга, 22-годишен француски играч за врска, сега се етаблираше како играч кого сакаат да го видат на „Енфилд.
Со амин на Арне Слот, англискиот клуб се стреми да ја искористи моменталната „клима“ во Реал Мадрид и да испрати официјална понуда. Интересот, опишан од стручњаците на британскиот пазар како реален и долгорочен, укажува на договор што би ги надминал вообичаените суми што ги плаќа клубот од Мерсисајд за трансфери“, тврди „Фихајес“.
Foto/ depositphotos

