Спорт
Дувњак најави збогување со репрезентацијата
Ракометната репрезентација на Хрватска доживе фијаско на Олимписките игри. Хрватите не успеаја да ја минат групата, во која забележаа две победи и три порази. Ова е најлошиот пласман на Хрватска во историјата на олимпијадите, претходно никогаш не биле полошо пласирани од петтото место.
Хрватска, вчера, во директен со Шпанија се бреше за четвртфиналето. На крајот Шпанија мина меѓу најдобрите осум со победата 32:31. На Хрватите им пресуди лошото прво полувреме, во кое примија 20 голови и имаа мунус од пет гола.
Капитенот Домагој Дувњак (36) го коментираше натпреварот.
„Направивме премногу технички грешки. Кога се враќавме, секогаш ни недостигаше еден гол. На крајот заостанавме за два. Ова е дефинитивно турнир на кој не успеавме. Минималната цел беше да се пласираме во четвртфиналето. Мораме да седнеме и со „ладни глави“ да го лоцираме проблемот. Во група со шетс репрезентации завршивме на петтото место. Жал ми е за овие момци, но ќе имаат тие уште уште многу шанси“, додаде Дувњак, а потоа најави повлекување од националниот тим.
„Дефинитивно нема повеќе да играм на ОИ. На нив поминав низ се. Четврто место, трето место, елиминација во четвртфиналето и сега во групата, за жал. Со овие момци добро се забавував, но имам три деца дома морам добро да размислам што ќе правам во иднина.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Прогноза на Суперкомпјутерот: Реал ќе ја освои титулата во Шпанија
Ден по победата на Реал над Барселона (2:1), во „Ел Класико“, Суперкомпјутерот пресмета дека „кралскиот клуб“ ќе ја освои титулата во Шпанија оваа сезона.
Пред натпреварот со Барселона, шансите беа еднакви, пишуваат денес шпанските медиуми, но по триумфот, рапидно пораснаа шансите на Реал.
„АС“ пишува дека според Суперкомпјутерот, Реал Мадрид на крајот ќе ја освои титулата со 87 поени, седум повеќе од Барселона. На третото место ќе биде Атлетико Мадрид.
Според оваа проекција од лигата ќе испаднат Овиедо, Леванте и Џирона, клубот што играше во Лигата на шампионите минатата сезона.
Спорт
Арсен Венгер: Ел класико – натпревар на мажи против момчиња
Легендарниот тренер тренер Арсен Венгер ја опиша победата на Реал Мадрид од 2:1 над Барселона во „Ел Класико“ како натпревар на „мажи против момчиња“, а воедно ја пофали работата на тренерот Чаби Алонсо.
„Кралскиот клуб“ доминираше на „Сантијаго Бернабеу“ и со победата им избега на своите најголеми ривали на пет бода на врвот на Ла Лиг.
Венгер беше директен во својата анализа, истакнувајќи ја тактичката и физичката супериорност на Реал.
„Ел Класико беше малку како дуел помеѓу мажи и момчиња. Одбраната на Реал Мадрид беше многу посилна од онаа на Барселона“, рече Венгер.
„Во нападот, Мадрид секогаш изгледаше способен да постигне гол, додека Барселона изгледаше неефикасна. Имаа многу посед, но никогаш не изгледаа способни да постигнат гол. Честитки за Чаби Алонсо“, додаде тој.
Foto/ EPA
Спорт
Почина легендарниот голман на Реал
Утрото по победата (2:1) над Барселона во „Ел Класико“, навивачите на Реал Мадрид добија тажна вест.
Легендарниот голман на мадридскиот клуб, Хозе Мануел Очоторена, почина на 64-годишна возраст.
Претседателот на клубот, Флорентино Перез, и одборот на директори на Реал Мадрид изразија длабоко жалење поради смртта на Очоторена.
„Во овие тешки моменти, Реал Мадрид испраќа искрено сочувство до неговото семејство, поранешните соиграчи, пријателите и сите клубови за кои играше за време на неговата богата кариера“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Очоторена го носеше дресот на Реал Мадрид шест сезони, од 1982 до 1988 година. Во тој период, тој освои два Купа на УЕФА, три титули во шпанското првенство и еден Лига куп.
Покрај Реал, тој ги бранеше и боите на Валенсија, Тенерифе, Логроњес и Расинг Сантандер. Во сезоната 1989/90, како член на Валенсија, го освои престижниот Трофеј Замора, наградата за голманот со најмалку примени голови во Ла Лига.
Тој беше дел од шпанската репрезентација на Светското првенство во Италија во 1990 година.
По неговата играчка кариера, тој остави длабока трага и како тренер на голмани, работеше во Валенсија, Ливерпул и во шпанската репрезентација 17 години, од 2004 до 2021 година.
Тој тренираше голмани од познатата генерација што владееше со светскиот и европскиот фудбал и освои три последователни титули во 2008, 2010 и 2012 година.

