Спорт
(Видео) Злато со светски рекорд на неверојатниот Дуплантис
Швеѓанецот Арманд Дуплантис го освои златото на Олимписките игри во Париз во скок со стап, но тоа не некаква сензационална вест, бидејќи тој е далеку пред конкурентите.
Дуплатнис го освои златото со нов светски рекорд 6,25 метри. Ова е и нов олимписки рекорд, претходниот го држеше Бразилецот Тиаго Бразо 6,03.
Ma quanto è un alieno questo tipo? Mamma mia #duplantis #GIOCHIOLIMPICI #PARIS2024 pic.twitter.com/PSSFlWbYV9
— Antonio (@AntoTrick) August 5, 2024
Тоа беше 62. пат во кариерата скокана преку шест метри на официјални натпревари.
Златниот медал го прослави во стилот на турскиот репрезентативец во стрелаштво Јусуф Дикец, во дисциплината микс дубл воздушен пиштол стана „мим“ ширум светот.
🇸🇪Armand Duplantis Olimpiyat rekorunu kırdı ve 🇹🇷Yusuf Dikeç pozu verdi 😅😅#Paris2024 pic.twitter.com/pIrovj4h1g
— Vsever 2.0 🏐 (@Temmzvolley) August 5, 2024
Второто место му припадна Американецот Сем Кендрикс (5,95), а бронзата ја освои Гркот Емануел Каралис (5,90).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ди Канио: Дали е ова шега? Ова е исто како со Алегри
Јувентус на Тиаго Мота нема примено гол во првите пет натпревари во Серија А ја сочува мрежата. Јувентус стартуваше со две победи, па одигра три пати без голови.
Јувентус не прима голови, но течко ги постигнува, само шест гола во пет натпревари. На оваа тема дебатираа Паоло ди Канио и Алесандро Костакурта .д дебатираат за тоа што направил младиот тренер.
Ди Канио истакнува дека ова тимот не направил никаков прогрес во однос на ерата на Масимилијано Алегри.
„Сето ова е ново, се уште се на почетокот. Но, сега ја фалиме одбраната. Ме потсетува на нешто. Дали е ова шега? Јувентус е ист како под Алегри. И тој беше критикуван за неговиот дефанзивен стил, но резултатите на Мота не се разликуваат. Мора да бидеме сериозни, се очекуваше повеќе“, Ди Канио.
Спорт
Федерер ќе го испрати Надал во пензија
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, по долго време би можел да му се врати на теренот.
Ова го соопшти менаџерот на Роџер, Тони Годсик, кој изјави дека Швајцарецот би можел да учествува во егзибициски меч против Рафаел Надал, што би било збогување на легендарниот Шпанец со активниот тенис.
„Мислам дека нема дилема околу тоа. Роџер и Рафа сакаат да работат заедно и тоа би била одлична приказна”, изјави Годсик.
Последен пат Надал и Федерер одиграа егзибициски меч во 2020 година, кога приредија встински спектакл во Јужна Африка.
Спорт
Рускиот фудбал добива милиони од УЕФА и ФИФА
Европската и светската фудбалска федерација уплатиле пари на сметката на Руската фудбалска федерација, на име на членството во овие органнизации.
Ова се парите што секоја година ги добива секоја друга Федерација во Европа и светот.
Русија и нејзините клубови, како и репрезентацијата се исклучени од сите натпреварувања под покровителство на УЕФА и ФИФА од 2022 година, но и покрај суспензијата Руската фудбалска федерација имала редовен прилив на пари.
Тамошните медиуми пишуваат дека во 2023 година Руската Федерација добила 405.813.000 рубли од ФИФА и УЕФА.
Тоа се приближно четири милиони евра.
Руските клубови веќе две години играат само домашни првенства, а репрезентацијата игра само пријателски натпревари.