Спорт
Јанис не може сам, Германија ја елиминира Грција од ОИ
Германските кошаркари ја совладаа Грција и се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри.
Актуелниот светски првак групната фаза ја заврши со максимален учинок, ги совлада Јапонија, Бразил и Франција, а сега и Грција со резултат 76:63.
Грците на „Мала врата“ влегоа во четвртфиналето, како една од двете најдобри третопласирани селекции, откако загубија од Канада и Шпанија и ја победија Австралија.
Грците добро влегоа во мечот ја добија првата четвртина со 10 поени (21:11) и тоа беше се од нив на овој натпревар.
Јанис Адетокумбо остана без вистинска поддршка и грчкиот тим натпреварувањето на Олимписките игри го заврши во четвртфиналето.
Најефикасен поединец на натпреварот беше најдобриот играч на поразената екипа и најголема ѕвезда на паркетот, Јанис Адетокумбо. Тој постигна 22 поени со 2 скока и 3 асистенции, а го следеа Вокап со 12 и Папаниколау со 10 поени.
Во победничкиот тим видовме 18 поени од Франц Вагнер, 13 од Денис Шридер и 10 од Јоханес Тиеман, додека 9 поени со 6 скока и 2 асистенции постигна Исак Бонаг.
Победникот од овој меч во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Франција и Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Успешна шок терапија – Рома ја забележа првата победа во сезоната
Иван Јуриќ со победа стартуваше на клупата на Рома. „Волчицата“ во Рим го победи лидерот Удинезе со 3:0. Ова е прва победа за Рома и прв пораз за Удинезе од почетокот на сезоната.
Да потсетиме, Јуриќ оваа недела ја презеде Рома, откако клупската легенда Даниеле Де Роси доби отказ поради лошиот старт на сезоната. Јуриќ беше слободен по заминувањето од Торино на крајот од минатата сезона по три години.
Избраниците на Јуриќ поведоа во 19. минута, кога Артем Довбик со одличен удар на асистенција на Стефан Ел Шарави го матираше гостинскиот голман Мадука Окоје.
На 2:0 од пенал во 49. минута зголеми Пауло Дибала, а конечните 3:0 ги постигна Томазо Балданци по убавата комбинација со Довбик. Јуриќ само една минута пред тоа го внесе Балданци во игра.
Спорт
(Видео) Арсенал не успеа да ја одбрани победата на „Етихад“ – Стонс во 98.минута спречи пораз на Сити
Без победник заврши дербито во петтото коло во Премиер лигата. Манчестер сити и Арсенал одиграа 2.2. Пораз на Сити спречи Џон Стоунс во 98.минута.
Натпреварот на „Етихад“ започна онака како што посакуваа играчите на Сити, кои притиснаа од почетокот и во раната фаза на натпреварот Ерлинг Халанд го совлада Раја. Норвежанецот го постигна десеттиот гол од стартот на сезоната во Премиер лигата.
Набргу Сити имаше уште една шанса, од слободен удар Гундоган ја погоди стативата.
Во 22.минута Калфиори остигна спектакуларен гол, негов прв во дресот на Арсенал и го изедначи резутатот. Пресвртот Арсенал го комплетираше во првата минута од судиското надополнување на времето кога Габриел погоди за 1:2.
Клучниот момент на натпреварот се случи во осмата минута од надополнувањето на времето, Оливер му го покаѓа вториот жолт картон на Тросар.
Со играч помалку на теренот Арсенал во вториот дел се бранеше со сите фудбалери, често деветмината беа во шеснаесетникот на Раја. Шпанскиот голман имаше неколку успешни одбрани, но не можеше да го спречи Стонс кој во 98.минута, откако Раја одбрани одбиената топка ја смести во голот.
Сити остана лидер на табелата сега со 13 поени, еден повеќе од Ливерпул и Астон Вила, Арсенал со 11 поени е четврти на табелата.
Спорт
(Видео) Леверкузен со пресврт во 93.минута го победи Волфсбург
Баер Леверкузен во спектакуларен меч, со пресврт го победи Волфсбург со 4:3. „Фармацевтите“ потсетија на минатта, за нив историска сезона, кога многу пати победија во судиското надополнување. Против Волфсбург, херој беше Бонифејс кој погоди за победа во 93.минута.
Волфсбург одигра добар натпревар, но се покаѓа дека клуч за триумфот на Леверкузен беше финишот на првото и стартот на второто полувреме.
Откако Мукиеле со постигна авто-гол во петтата минута, Вирц изедначи, а потоа Волфсбург постигна два голе преку Борну и Сванберг. Но во првата минута од надополнувањето Бонифејс намали на 2:3.
На стартот на вториот дел Инкапи иезедначи, а откако Волфсбург во 88.минута остана со фудбалер помалку, Леверкузен дојде до победата.
Леверкузен заедно со Франјбург и Анјтрахт се наоѓа на делба на втората позиција со три поени помалку од Баерн. Волфсбирг во првите четири кола има само една победа, а во Леверкузен го забележа третиот пораз.