Спорт
Спектакуларен пресврт на Србија – Од -24 до олимписко полуфинале

Кошаркарите на Србија и Австралија одиграа спектакуларно четврфинале на Олимписките игри во Париз. Србите се врати по негатива од 24 поени и по едно продолжение славеа со 95:90 (17:31, 25:23, 25:11, 15:17, 13:8).
Пети Милс избори продолжение за Австралија на една секунда до крајот, откако претходно Мициќ погоди едно од двете слободни фрлања. Милс погоди тежок шут преку Никола Јокиќ.
Во продолжението блескаше актуелниот МВП во НБА лигата. Јокиќ имаше две клучни одбрани и ги постигна последните четири поени за својата репрезентација.
Мечот го заврши со 23 поени, 14 скока и девет асистенции.
JOOOOOOKARAAAAAA! pic.twitter.com/FVoLvsCZAe
— FantomBeograda (@FantomBeograda) August 6, 2024
Србите некако незаинтересирано влегоа во натпреварот, нивната одбрана не постеше, а во нападот се обидуваа со индивидуални решенија. Австралија тоа знаеше да го казни, Пети Милс со 14 поени ја предводеше серија од 20:0. „Кенгурите“ потоа два пати имаа предност од 24 поени.
Србие мал приклучок фатија во финишот на вториот период кога направија серија 15:2. Иста таква серија креираа и во третата четвртина кога го презаедоа водството.
Покрај Јокиќ, кај Србија се истакнаа Богдан Богдановиќ (17 поени, 5 скока и 6 асистенции), Василије Мициќ (14 и серија од 9 поени кои го вратија водството и самодовербата на Србија), Добриќ и Гудуриќ постигнаа по 11, а Алекса Аврамовиќ 10 поени.
Во редовите на Австралија блескаа Пети Милс и Џош Гиди со 26, односно 25 поени, 13 уфрли Џек Меквеј, 12 со 2 скока и пет асистенции постигна Данте Ексум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер оствари рекорден приход

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот.
Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога имаше приходи од 464 милиони во првата сезона на Роналдо.
Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство. Во исто време, имаше зголемување на комерцијалните приходи од спонзорства и натпревари.
Интер ја затвори финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, во споредба со загуба од 35,7 милиони евра во претходната финансиска година. Интер ја заврши рекордната финансиска година без трофеј.
Во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ, во Серија А беше втор од Наполи, во Купот на Италија испадна во полуфиналето против градскиот ривал Милан, „росонерите“ беа подобри и во финалето на Суперкупот на Италија, додека на клупскиот Мундијал клубот загуби од Флуминензе.
Спорт
Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка.
Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2.
Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на привремениот тренер Христос Контис и забележа голема победа во Лигата на Европа против Јанг Бојс (4:1), но во клубот, и покрај очигледниот напредок, бараат ново, по можност звучно име за клупата.
Според грчките медиуми, изборот паднал на тренерот кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, две титули во Ла Лига и Купот на УЕФА со Валенсија и Лигата на Европа со Челзи.
Истите извори наведуваат дека Бенитез пристигнал во Атина со приватен авион во четврток наутро за финални преговори со челниците на клубот и најверојатно за потпишување на договорот.
Наводно, Панатинаикос му нуди дури пет милиони евра само за едногодишна соработка.
Спорт
Џексон Хејс ќе добие пасош на Словенија

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс (25), откри дека е во процедура за добивање словенечки пасош за во иднина да може да игра со Дончиќ и во репрезентацијата.
Хејс е член на Лејкерс од 2023 година, претходно играше за Њу Орлеанс.
Наскоро би можел да биде опција за селекторот на Словенија, Александар Секулиќ, кој бара играч на позицијата „пет“ по повлекувањето на Џош Нибо за последниот Евробаскет.
Нибо, да потсетиме, поради повреда, не доби дозвола од својот клуб Милано да игра за Словенија, што ги принуди челниците на КС Словенија да најдат посигурно решение за наредните години.
Изборот падна на Хејс, со кого неговиот соиграч Лука Дончиќ ги водеше преговорите.
„Лука е мој човек. Работиме заедно за да добиеме словенечки пасош и да можеме да играме за Словенија следното лето“, ги изненади Хејс новинарите по натпреварот со Далас.
Хејс со тоа би бил четвртиот странец во последните неколку години во дресот на Словенија, по Ентони Рандолф, Мајк Тоби и Џош Нибо.
Словенија беше европски шампион во 2017 година со Рандолф.