Македонија
Ќорсокакот во кој СДСМ и ДУИ ја донесоа Македонија, не е европски пат, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Ако ќорсокакот во којшто СДСМ и ДУИ ја донесоа Македонија, а за што и Филипче лично има огромна улога, го нарекува европски пат… тогаш оправдани му се сомневањата. Ваква е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по средбата на првиот човек на СДСМ, Венко Филишче, со евроамбасадорот во заминување, Дејвид Гир.
ВМРО-ДПМНЕ е децидено дека нема намера да ја носи Македонија во ќорсокак.
„Нашиот пат е јасен, а тоа е целосна интеграција во ЕУ со сочувано достоинство и на државата и на народот и особено борба со корумпираните политичари заради чии интереси сме овде каде што сме.
Ако патот на Филипче значи живи луѓе да горат во болница, а него мува да не го лази, или пак тендери во здравство да добиваат фирми за јужно овошје, или пак да се склучуваат договори за најскапа стерилизација во светот, тогаш Филипче треба да е сигурен дека тоа не е патот кој го следи оваа влада.
Патот на оваа влада е да ја врати државата на народот, да имаме напредок кон ЕУ со реформи и зачувано достоинство“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ангелов: Словенечкиот тим и чешкиот хеликоптер си заминуваат, нема активни пожари

Денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни благодарници. Утре заминува и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада. За гаснење на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на с. Стровија на местото викано Гајдарец – Клепало, рано утрово со полициски хеликоптер беа исфрлени екипи на Национални Шуми со неколку доброволци ловци кои за неколку часа целосно го изгаснаа овој пожар на отворен простор кој имаше зафатено поголема површина со сува и висока трева по гребенот на планината“, вели Ангелов.
Тој додава дека пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна.
Во овој момент нема активни пожари.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС ја брани лошата организација на олимпијадата од МОК

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на соопштението од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува обидот за политизација на спортот во Македонија.
Навистина е симптоматично и чудно зошто СДС како политичка партија не и погледне на вистината во очи и ја брани преку дефокус лошата организација на Олимпијата од страна на МОК.
Какви политички интереси има СДС во МОК.
Се што беше побарано беше и овозможено како логистика од страна на Министерството за спорт.
Се понатаму од оваа единствена вистина е срамна политизација за ефтини политички поени.
СДС е партијата која за цели 7 години не изгради спортско игралиште, ниту еден базен, ниту еден фудбалски терен. Нивниот резултат за спортот се множи со нула.
СДС е неконструктивна и тотално безидејна партија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот

Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил со Младинската олимпијада е најголемиот дебакл во поновата спортска историја на државата, велат од СДСМ.
„Не е само катастрофалната организација, катастрофални се и резултатите на македонските спортски федерации, кои го одразуваат општото пропаѓање на спортот со оваа Влада и Ристовски како министер.
И додека најгордата Влада немала пари за соодветно сместување, вода, превоз, храна, клима-уреди и достоинствени услови за олимпијците имала за ПР и маркетинг!
Вработени во ПР-компанијата „ИДЕА Лаб“, чиј сопственик е близок до ВМРО-ДПМНЕ, добиле бизниси поврзани со олимпијадата, од маркетинг до менаџмент на социјални медиуми.
Значи има пари за ПР ама нема за основни услови за спортистите. Срамно и бедно.
Човекот кој пред неколку месеци ја убедуваше јавноста дека ќе организира „најдобра Младинска олимпијада во светот“ не може да побегне од одговорноста.
И не е само резил олимпијадата. ВМРО-ДПМНЕ и Борко Ристовски го деградираа и целосно го запоставија македонскиот спортот.
Намелена е поддршка на спортот на историски најниско ниво. Наместо 15 милиони евра субвенции, со ребаланост на буџетот поддршката се намали на само 6,7 милиони евра – најмалку досега.
Секој клуб, секоја федерација, секој спортист добива 40% помалку директна поддршка.
И сè уште нема отчет како се распределуваат тие пари.
Борко Ристовски е министер кој стана капитен на распадот во македонскиот спорт.
На Ристовски му стана поважна министерската фотелја отколку принципите по кои некогаш настапувал. Денес не ги поддржува спортистите, туку ги брани интересите на своите партиски шефови.
Бараме неотповиклива оставка од Борко Ристовски – веднаш!
Не само поради скандалот со Младинската олимпијада, туку и поради системското уназадување на македонскиот спорт. Одговорност мора да има!“, стои во соопштението на СДСМ.