Свет
Шефот на американската дипломатија: Испраќаме порака директно до Иран, веќе ја пренесовме до Израел
Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, за прв пат јавно побара од Иран и Израел да избегнат ескалација кон нов воен конфликт на Блискиот Исток.
„Не треба да има ескалација предизвикана од која било страна во овој конфликт. Ние сме ангажирани во интензивна дипломатија со сојузниците и партнерите и оваа порака ја испраќаме до Иран. Оваа порака му ја пренесовме директно на Израел“, рече државниот секретар за време на заедничка прес-конференција со министерот за одбрана Лојд Остин и нивните австралиски колеги, Пени Вонг и Ричард Марлс.
„Нашата посветеност кон Израел е непоколеблива. Ќе продолжиме да го браниме Израел од нападите на терористичките групи или нивните поддржувачи, исто како што ќе продолжиме да ги браниме нашите трупи“, рече Блинкен.
Тензиите се на високо ниво откако Иран, Хамас и Хезболах го обвинија Израел дека на 31 јули во Техеран го убил Исмаил Ханије, политичкиот лидер на палестинското исламистичко движење Хамас, ветувајќи дека ќе се одмазди за неговата смрт.
Вчера Хамас го именуваше својот лидер во Појасот Газа, Јахја Синвар, за наследник на Ханије.
Во петокот, Пентагон објави распоредување на дополнителни воени бродови и борбени авиони за одбрана на Израел и американските трупи во регионот. Американскиот секретар за одбрана предупреди дека „САД нема да толерираат напади врз нивните војници на Блискиот Исток, еден ден по нападот на воената база во Ирак во кој беа повредени седум Американци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

