Македонија
СДСМ: Мицкоски замижа пред кршењето на законите на Гаши, толку беше од неговите ветувања за одговорност на политичарите
Малку требаше за Мицкоски да си ги погази своите ветувања дека секој функционер кој се огрешил ќе одговара. Тоа ќе важи изгледа само за обичните граѓани, но не и за политичарите од неговата коалиција, велат од СДСМ.
„Мицкоски коленичи пред Гаши и ова е жално за гледање. Ниту СДСМ ниту било кој друг не напиша јасно во полицискиот извештај дека е издадена „незаконска наредба од страна на Претседателот на Собранието“.
Треба ли поголем доказ од ова? За жалење е и министерот Тошковски кој наутро во извештајот пишува незаконска наредба од Гаши, а вечерта го брани дека немало основа за кривична одговорност.
Се што е спротивно на законот носи правна одговорност и ова е класично замижување пред правдата со цел да се спаси коалицијата. Се она за што ВМРО-ДПМНЕ го обивнуваше СДСМ, сега самото ДПМНЕ го прави во двојно поголеми размери.
Го повикуваме Мицкоски да се одважи и да го смени Гаши. Само така ќе докаже дека стои на својот збор за одговорност на политичарите, во спротивно му порачуваме да замолчи засекогаш на оваа тема“, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

