Спорт
Кариерата ќе ја заврши во Лисабон – Ди Марија го продолжи договорот со Бенфика
Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија го продолжи договорот со Бенфика до јуни 2025 година, соопшти португалскиот клуб.
Ди Марија (36) пристигна во Бенфика во 2023 година, а веќе настапуваше за клубот од 2007 до 2010 година.
Покрај за Бенфика, тој играше и за Јувентус, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Реал и Росарио.
Аргентинскиот фудбалер минатата сезона одигра 48 натпревари и постигна 17 голови.
Летово имаше намера да се врати во родниот Росарио и да игра за локалниот Централ, но се откажа поради бројните закани кон семејството од локални банди.
Следниот викенд започнува новата сезона во португалскиот шампионат, а Бенфика во првото коло на 11 август ќе му гостува на Фамаликао.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челси го прегази Вест Хем
Фудбалерите на Челзи победија на гости кај Вест Хем со 3:0 во 5. коло од Премиер лигата.
Натпреварот на „Олимпискиот стадион“ во Лондон беше игра на мачка и глушец. Фудбалерите на Челси решително влегоа во натпреварот и буквално го прегазија ривалот.
Двоен стрелец за „сините“ денеска во бела опрема беше Николас Џексон. Тој ги постигна првите два гола во четвртата и 18.минута.
Во 47. минута запиша и асистенција за Кол Палмер, кој стави точка на резултатот и на прашањето на победникот.
Спорт
Бањаја го победи Мартин во спринтот на ГН Емилија Ромања
Актуелниот светски првак Франческо Бањаја победи во спринт трката, во пресрет на Големата нграда Емилија Ромања. Перфектниот ден на Дукати го комплетираа Хорхе Мартин, возачот на Прамак и Енеа Бастијанини возачот на фабричкиот тим.
Спринтот не донесе никакви возбудувања. Можат да се издвојат два моменти во кои актер беше лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин.
Шпанецот имаше одличен старт, од втората позиција се катапултираше пред Бидер, Бањаја и Бастијанини. Италијанците од Дукати веднаш си ги вратија своите позиции и од тој момент ја започнаа потерата по лидерот.
Шпанецот направи грешка во седмиот круг и му ја препушти првата позиција на големиот ривал Бањаја.
До крајот немаше промени во поредокот.
Во првите десет спринтот го завршија: Марк Маркез (Гресини Дукати), Педро Акоста (ГасГас КТМ), Бред Биндер (КТМ), Фабио Квартараро (Јамаха), Марко Бецеки (ВР46), Франко Морбидели (Прамак Дукати), Маверик Вињалес (Априлија).
Големата награда Емилија Ромања се вози утре од 13 часот.
Спорт
Победникот на Тур де Франс призна дека се дрогирал
Поранешниот германски велосипедист Јан Улрих (50) го искоментира неодамнешниот документарен филм во кој признал дека користел допинг во текот на неговата кариера.
Улрих победи на Тур де Франс во 1997 година, кога во пет етапи заврши на второто место. Тој за германската телевизија WDR изјави: „Документарниот филм Der Gejagte (Ловениот) беше еден вид терапија за мене и сега можам отворено да разговарам со моите деца за тоа.
Она што луѓето мора да го знаат е дека дури и спонзорите знаеја се, допингот беше систематски, бев добро платен и договорот беше да не зборувам за тоа. Згрешив, бев негативец“.
Пеколот започнал кога ја завршил кариерата.
„Алкохол, дрога, паднав во дупка и за малку ќе завршеше катастрофално. Практично бев мртов и го видов пеколот. Тогаш си реков дека следната недела или ќе бидам мртов или ќе си го вратам животот. Љубовта на моите деца беше одлучувачкиот фактор“.
Професионалната кариера на Улрих траеше од 1995 до 2006 година.