Скопје
Донација за СВР Скопје од Канцеларијата на ОН за борба против трговијата со дрога и криминал
Денеска, во просториите на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, присуствуваше на доделувањето донација од страна на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против трговијата со дрога и криминал (УНДОЦ) за потребите на организациските единици од областа на недозволената трговија со дрога при овој сектор за внатрешни работи, извести МВР.

„Имено, во рамките на континуираната соработка со УНОДЦ за потребите на СВР Скопје беа врачени технички средства – тестери за откривање помали количини опојни дроги за повеќекратна употреба, а во насока на поефикасна превенција од употребите на дроги. Овие технички помагала ќе бидат ставени во употреба по донесување на измените и дополнувањата на чл. 20 од ЗППЈРМ (кој се однесува на мали количини опијати) и кои не може да се вештачат во Одделот за форензички испитувања бидејќи во согласност со измените во чл. 215, ст. 6 од КЗ на РСМ не претставуваат кривично дело. Практично, со овие дрога-тестери ќе може да се вештачи малата количина што ја поседуваат лицата и ќе може да им се поднесе прекршок по чл. 20 од ЗППЈРМ.

Инаку, на средбата со претставниците на УНДОЦ и челните луѓе при СВР Скопје, директорот Јанев, заблагодарувајќи се на вредната донација и истакнувајќи ја досегашната извонредна соработка на оваа Канцеларија со македонската полиција, потенцира дека таа треба и може да се продлабочи во многу сегменти, пред сѐ, од технички и едукативен аспект, од борбата против недозволената трговија со дроги, а сѐ со цел поквалитетно и поуспешно спречување на овој вид криминал“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

