Скопје
ЗОО Скопје: Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси слоницата, беше донесена одлука за евтаназија

Зоолошката градина Скопје преку социјалните мрежи информира дека во текот на вчерашниот ден азиската слоница Дуња по насока на сопствениците што ѝ ја позајмиле на скопската зоолошка, Pairi Daiza од Белгија, со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо-негувател на тимот за слонови), кои изминативе денови ја прегледуваа слоницата, била донесена одлука за евтаназија.
„Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за таа да не страда. Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се утврдија повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница“, велат од ЗОО Скопје.
„Дуња речиси и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем.
За процесот на обдукција и за останките, Зоолошката градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина“, велат од ЗОО Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски на утрински појадок со жените пензионерки од општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот.
Со внимание ги слушнавме нивните забелешки, предлози и идеи, кои се од големо значење за креирање на политики што ќе ја унапредат благосостојбата на пензионерите, известуваат од Општината.
„Пензионерите се темелот на нашето општество. Од нив учиме, за нив се грижиме и со нив градиме подобра Општина Центар”, истакна Герасимовски.
„Грижата за повозрасните сограѓани останува наш приоритет – затоа што почитта кон нив е темел на здраво општество“, велат од Општината.
Македонија
Без струја дел од општина Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата 2 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.