Скопје
(Видео) Кирков: Институциите да го испитаат работењето на Зоолошката, Арсовска да понесе одговорнст и оставка
„Данела Арсовска е најголемото зло што му се случило на Скопје во поново време. Данела Арсовска, време ти е за оставка. Изразуваме најдлабок револт и загриженост поради катастрофалните услови во кои се држат животните во скопската Зоолошка градина. Сите ние сме сведоци на неодамнешните трагични настани, кои ги вклучуваат смртта на слоницата, жирафите, пингвините и најновиот – прикривање на смртта на бизонот, кој исто така е починат пред еден месец под неразјаснети околности“, изјави Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ги повика надлежните институции веднаш да го испитаат работењето на директорот на скопската Зоолошка градина и на градоначалничката на Скопје.
Вели дека мора да се утврди како биле третирани животните и дали биле почитувани сите закони за благосостојба на животните.
„Не може да се премине преку фактот дека слоницата, најголемата атракција на Зоолошката градина, тајно е носена, замислете, од скопската Золошка градина до скопската депонија со намера да се скрие нејзината смрт. Каков ум е тоа што мисли дека ќе скрие смрт на слон? Ова е чин на непочитување и отворено криминално однесување.
Ја повикуваме градоначалничката на Скопје и од неа поставениот директор Зоран Попов да пристапат одговорно кон ова злосторство врз Скопје и скопјани. Нивното срамно и неспособно раководење доведе до оваа трагична ситуација и тие мора да одговараат пред јавноста и пред законот.
Нашите граѓани заслужуваат да знаат што се случува со нивните пари и со институциите“, додаде Стефан Кирков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




