Црна хроника
Кривична против маж од Прилепско, запалил сува трева во својот двор, пожарот се проширил на соседните парцели
ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 54-годишниот К.Г. од село Штавица, прилепско, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, извести МВР.
„Имено, пријавениот на 05.08.2024 околу 09.00 часот запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото, по што бил приведен во полициска станица“, соопшти МВР.
Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

