Контакт

Топ

Двајца осуденици во Затворот Скопје претепани со метални и дрвени предмети, со тешки повреди пренесени на Клиника

Објавено пред

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осудениците 23-годишниот А.Ц. и 25-годишниот Ј.Ц., двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку други осуденици кои употребиле метални, дрвени и остри предмети, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

А.Ц. и Ј.Ц. се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

Таравари очекува решение кое нема да биде фрустрирачко за партиите во Вреди, вечерва оди на состанок со лидерите во коалицијата

Објавено пред

Лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари,  најави дека вечерва ќе ги продолжи разговорите со лидерите од Вреди по најавите дека коалицијата ќе прерасне во една политичка партија која како еден голем политички субјект ќе настапи на претстојните локални избори, но за тоа се уште нема согласност од Таравари.

dobivaj vesti na viber

„Од Вреди ги продолжуваме разговорите. Вечерва имам состанок, сите четири-пет претседатели на партии. Континуирано има комуникација. Се надевам дека работните групи ќе продолжат и ќе изнајдат најдобро можено решение што нема да биде фруструрачко или да речам, демотивирачко за партиите што се дел од Вреди“, рече денес лидерот Таравари по посетата на болницата во Гостивар.

Несогласувањата во коалицијата Вреди излегоа во јавност на крајот на минтиот месец. Партнерите во коалицијата на неколку состаноци не успеаја да се договорат која парија колку градоначалници ќе предложи за локалните избори наесен. Имаше гласини дека министерот Таравари побарал 50 отсто од кандидатите за градоначалници да бидат од неговата партија, на што не биле согласни останатите партнери во коалицијата. Таравари ниту демантираше ниту потврди дека барал 50 отсто од кандидатите да бидат од неговата партија. Тој кажа дека не бил известен дека останатите лидери веќе се договориле Вреди да стане политичка партија и преку медиумите им порача дека може да го задржат името, а Алијанса за Албанците да оди сама на локалните избори.

Лидерот на Демократско движење и министер за животна средина, Изет Меџити, како еден од основачите на Вреди го повика Таравари да остане во коалицијата и му порача да ги прекине преговорите со Демократската унија за интеграција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Објавено пред

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, и на директорот на штипскиот затвор во врска со случувањата во штипскиот затвор.

dobivaj vesti na viber

Вработените во реакцијта, што ја објави штипската телевизија „М нет“, велат дека директорот во своето излагање кажал многу невистини, кои не кореспондираат со реалноста и со преземените службени дејства на овластените службени лица.

„Како вработени во установата во целост ја негираме ваквата лошо составена приказна, која се пласира на ироничен начин и со цинизам во јавноста, одговорно тврдиме дека вистината е сосема поинаква и постапувањето во однос на пронаоѓањето сомнителни предмети фрлени од страна на лицата што дојдоа до затворот во овој настан преку безбедносниот ѕид беше во правец на тоа да го пронајдеме она што е фрлено и доколку има што и да било недозволено, да го одземеме и да пријавиме во СВР – Штип.

Во текот на ноќните часови потрагата заврши без успех, но во текот на утринските часови, со самото разденување, повторно е направен обид да се пронајдат предметите, при што успешно е пронајдена најлонска кеса, во која е пронајдена и сомнителната прашеста и тревна материја. По нејзиното пронаоѓање, преземени се сите оперативно-протоколарни дејства, известен е директорот на установата, пријавен е настанот во полиција, инспектори од СВР – Штип и крим-полицијата пристигнаа во затворот и пронајденото е предадено за понатамошно постапување. Евидентни се целосното постапување и преземените конкретни чекори во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен.

Во ниеден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувал со осуденото лице во негова полза, како што беше споменато на прес-конференцијата од страна на директорите.

Исто така, сакаме да напоменеме дека токму за осуденото лице Ж. Ж. директорот на установата на неколку наврати дозволува посети надвор од работното време со телефонски повици кон одговорниот на смена, тоа е заведено во рапортните книги на установата, директорот на установата има дозволувано и вонредни пакети за ова осудено лице, но ништо од тоа не беше кажано на споменатата прес-конференција!“, напишаа вработените во КПУ „Затвор Штип’ до редакцијата на „М нет“.

Претходно, Пандов на прес-конференцијата тврдеше дека некој фрлил дрога преку оградата, а откога полицијата во мракот не ја нашла дрогата, затворските полицајци и затворениците следниот ден се правдале дека барале изгубен часовник. Целиот настан го регистрирале безбедносните камери во затворот. Пандов тврдеше дека кога директорот ги прашал затворската полиција и командирот што барале и зошто барале, зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка било дека затвореникот Ж. Ж. си играл со кучката Цеца, а имал скап часовник. Кучката му го зела часовникот додека трчала низ тревникот и му го изгубила, па вработените, за да му излезат во пресрет, го барале часовникот“, рече тогаш Пандов.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Објавено пред

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели.

dobivaj vesti na viber

Фирмата е во сопственост на А. К. (52) од Република Албанија и А. Р. од Босна и Херцеговина, а за време на претресот биле најдени пластични буриња полни со марихуана за кои фирмта не поседува никаква документација.

Од МВР инфрмираа дека претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А. К. и вработениот Џ. И. (39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во селото Горно Седларце, Тетовско.

„Утврдени се низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојните дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар. Исто така, било утврдено дека во две хали се врши сушење канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација“, велат од МВР.

По насоки од јавен обвинител, пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенцијата за управување со одземен имот, а сопственикот и вработениот се приведени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Таравари очекува решение кое нема да биде фрустрирачко за партиите во Вреди, вечерва оди на состанок со лидерите во коалицијата

Лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари,  најави дека вечерва ќе ги продолжи разговорите со лидерите...

Македонија15 минути

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов,...

Македонија46 минути

(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели. Фирмата...

Македонија2 часа

Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите. Во испитувањето се осврнаа...

Македонија2 часа

„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС е препознатлив единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го...

Македонија2 часа

Се бара одговорност за илјадниците примероци од Правописот што со години скапувале во несоодветни услови

По информациите дека повеќе од 2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик (второ издание, 2017 година) седум години се чувале...

Македонија3 часа

Алијансата го исклучи од партијата директорот на Геријатрија, кој барал мито за да смести неподвижно лице

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи, кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице....

Македонија4 часа

Наместо оставки, членовите на Судскиот совет оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на...

Македонија4 часа

(Видео) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТ претендираат за трет мандат спротивно на законот

„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет...

Македонија5 часа

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија5 часа

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Македонија5 часа

Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20...

Европа5 часа

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион5 часа

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет6 часа

(Видео) Директор на „Сименс Шпанија“, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет7 часа

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет7 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...

Македонија16 часа

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...

Топ16 часа

„Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“ – скопјанец се снимал додека пука со автоматска пушка, па се заканувал

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол...

Македонија20 часа

Судски совет за пресудата за Теодора – судијата не можел да пресуди повисока казна

Судскиот совет ја разгледа пресудата за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово со која беше осуден на...