Спорт
Лајлс позитивен на корона настапил на трката на 200 метри
Американскиот спринтер Ноа Лајлс настапи на трката на 200 метри на Олимпијадата и покрај тоа што бил позитивен на тестот за коронавирус пред два дена.
На почетокот на трката беше очигледно дека нешто не е во ред со Лајлс. Лошо ја започна трката, имаше гримаса на лицето во голем дел и му дозволи на Летсил Тебог од Боцвана лесно да слави.
„Во вторникот се разбудив во пет наутро. Се чувствував ужасно, знаев дека тоа е нешто повеќе од последиците од трката на 100 метри. Бев тестиран и за жал добив позитивен тест за коронавирус. Мојата прва мисла беше да не паничарам сум трчал и во полоши услови, па само гзадов слободен ден и се обидов да се хидрирам што е можно повеќе во карантин, но никогаш не сум бил повеќе горд на себе. Излегов и освоив бронза“, изјави Лајлс за Ен-би-си по трката.
Лајлс носеше маска и за време на загревањето, па останува да видиме дали ќе има некакви последици.
Засега не се знае дали организаторите биле свесни за целата ситуација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јокиќ доби син, па се врати на паркетот со трипл-дабл, Денвер загуби од Далас
Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ со трипл-дабл го прослави раѓањето на второто дете. Спрскиот ас и сопругата Наталија добија син, а Јокиќ на паркетото против Далас Маверикс испорача 33 поени, 17 скока и 10 асистенции.
Денвер не успеа да го победи Далас и покрај тоа што Јокиќ го водеше тимот до пресврт. Денвер надоместија минус од 20 поени, но на крајот Далас победија со 123:120.
Јокиќ одново не доби помош од соиграчите и покрај тоа што го забележа седмиот трипл-дабл од почетокот на сезоната.
Српскиот ас го следеа Кристијан Браун и Мајкл Портер Јуниор со по 17 поени, а Расел Вестбрук додаде еден помалку. На другата страна Наџи Маршал постигна 26 поени, Пи Џеј Вашингтон додаде 22, а Кајри Ирвинг 19.
Далас играше без Лука Дончиќ кој го повреди зглобот на десната рака во вториникот.
Резултати:
Филаделфија – Бруклин 113:98
Вашингтон – Бостон 96:108
Њу Орлеанс – Голден Стејт 108:112
Чикаго – Атланта 136:122
Хјустон – Портланд 116:98
Милвоки – Индијана 129:117
Денвер – Далас 120:123
ЛА Клиперс – Сакраменто 104:88
Спорт
Џорџ Расел на пол-позицијата во Лас Вегас
Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ќе стартува од пол-позицијата пред трката за Големата награда на Лас Вегас.
Британецот со време 1:32.212, дојде до третата пол-позиција оваа сезона, вкупно четврта во кариерата. Расел само ја потврди доминацијата на Мерцедес од почетокот на викендот во Лас Вегас.
Расположението во боксот на Мерцес го расипа Луис Хамилтон, кој два пати згреши во третата квалификациска сесија и на крајот го освои 10.место.
Веднаш до Расел трката ќе ј започне Карлос Саинц (Ферари), во вториот ред се изненадувањето Пјер Гасли (Алпин), и Шарл Леклер (Ферари). Актуелнио првак и ледер во првенството Макс Ферстапен го освои петото место прес Ландо Норис од Мекларен, Јуки Цинода (РБ), Оскар Пјастри (Мекларен) и Нико Хулкемберг (Хас).
Квалификациите ги обележа Аргентинецот Франко Колапинто кој во финишот на втората квалификациска сесија го искрши својот Вилијамс.
Трката за Гн на Лас Вегас утре ќе започне во 7 часот по македонско време.
Спорт
На инсистирање на Инзаги, Интер „заклучи“ важен играч
Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис договори продолжување на соработката со Интер.
Десниот бек, кој веќе три години настапува за актуелниот шампион на Италија, потпиша договор до јуни 2028 година.
Тренерот Симоне Инзаги инсистираше да остане во клубот.
Тој смета дека е исклучително важен за играта на тимот во двата правци и е еден од најсигурните играчи на „нероазура“ во системот 3-5-2 на десната бековска позиција.
Дамфрис дојде во Интер пред три години од ПСВ.