Европа
„Билд“: Берлински проповедник го радикализира терористот што сакаше да нападне на концертот на Тејлор Свифт

Австриската полиција вчера пријави планови за напад на концертот на Тејлор Свифт, откако 19-годишник со македонски корени признал се и детално опишал како имал намера да го изврши нападот. Заедно со него уапсени се и 17-годишник кој има хрватско-турски корени и 15-годишник со турски корени.
19-годишниот терорист планирал да се убие себеси и голем број луѓе кои ќе го слушаат концертот на Тејлор Свифт пред стадионот. Се проценува дека пред стадионот би имало околу дваесет илјади луѓе. 17-годишникот е уапсен од полицијата пред стадионот, но неговиот адвокат тврди дека нема никаква врска со тероризам, ниту пак планира да нападне.
Германскиот Билд денеска пишува дека 19-годишниот, кој пред околу еден месец се заколна на Исламската држава, бил радикализиран преку Интернет и дека го радикализирал берлинскиот проповедник на омраза Абул Бараа, чие вистинско име е Ахмад Армих. Билд се повикува на извори од тајните служби.
До 2020 година Бараа беше во џамијата Ас-Сахаба во Берлин, во која полицијата во 2018 година изврши рација под сомнение за финансирање тероризам и која сега е затворена.
Билд потсетува дека Бараа одржувал врски преку џамијата со водачите на исламистичката сцена и, во некои случаи, со насилниот џихадистички салафизам. По затворањето на џамијата, тој најголемиот дел од своите активности ги префрли на Интернет, на социјалните мрежи преку кои допира до илјадници следбеници.
Германската канцеларија за заштита на Уставот веќе предупреди за него: „Затворањето на неговата берлинска џамија и пандемијата на корона доведоа до поголем ангажман на социјалните мрежи. Таму неговата реторика и неговиот стил на презентација се особено популарни меѓу младите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Русија со дронови ја дестабилизира Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа со користење беспилотни летала за саботажи и немири.
Зеленски, во видео обраќање доцна во вторникот, рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната со транспорт на нафта со танкери, туку и за саботажи и разни напори за поткопување на стабилноста низ целиот континент.
„Неодамнешните лансирања на беспилотни летала од танкери се еден таков пример“, рече тој, повикувајќи се на разузнавачки информации од украинските надворешни служби.
The Head of Foreign Intelligence reported in detail on how the Russians are utilizing tankers of their “shadow fleet” – not only to finance the war, but also for sabotage and various destabilization attempts in Europe. Recent launches of drones from tankers are one such example.… pic.twitter.com/B09UQo9EZK
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 7, 2025
Официјалните информации за потеклото на беспилотните летала неодамна забележани во земји, вклучувајќи ги Данска и Германија, сè уште не се потврдени.
Русија негираше каква било вмешаност.
Дмитриј Медведев, заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Русија, посочи дека самите украински сили би можеле провокативно да користат вакви беспилотни летала за да ја вовлечат Европа во војна против Русија.
Украина, исто така, произведува беспилотни летала со долг дострел.
фото: принтскрин
Европа
Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и дека Москва има целосна стратешка иницијатива на бојното поле.
На состанокот со високи воени команданти, Путин рече дека украинските сили се повлекуваат од фронтот во сите сектори.
Тој нагласи дека Киев се обидува да пука длабоко на руска територија, но дека тоа нема да помогне да се промени ситуацијата во војната што трае повеќе од три и пол години.
„Во моментов, руските вооружени сили целосно ја држат стратешката иницијатива“, рече Путин на состанок во северозападна Русија, според Кремљ.
„Оваа година ослободивме речиси 5.000 километри територија, 4.900 километри и 212 населени места.“
Украинските сили, рече тој, „се повлекуваат по линијата на борбен контакт, и покрај обидите за жесток отпор.“
фото: принтскрин
Европа
Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество во геноцид поврзан со израелската офанзива во Газа.
Во интервју за италијанската телевизиска станица РАИ, Мелони рече дека министерот за одбрана Гвидо Кросето и министерот за надворешни работи Антонио Тајани се пријавени во Меѓународниот кривичен суд и рече дека „мисли“ дека тоа се однесува и на Роберто Чинголани, шефот на одбранбената групација Леонардо.
„Верувам дека нема друг случај во светот или во историјата со вакви обвинувања“, рече Мелони.
Таа не прецизираше кој го поднел случајот против неа и министрите.
Меѓународниот кривичен суд истражува, гони и суди лица обвинети за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Италија беше место на серија демонстрации во изминатата недела, при што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во знак на протест против масовните убиства во Газа, а многу демонстранти беа насочени кон Мелони.
Нејзината десничарска влада, во голема мера цврст поддржувач на Израел, неодамна се дистанцира од она што го нарекува „несразмерна“ офанзива во Газа, но не прекина никакви трговски или дипломатски врски, ниту ја призна државата Палестина.
Мелони рече дека е „зачудена“ од обвинувањето за соучество во геноцид бидејќи „секој што ја познава ситуацијата знае дека Италија, на пример, не одобрила нови испораки на оружје во Израел по 7 октомври“.
фото: принтскрин