Спорт
Туцак: Нема тајни меѓу нас и Србите, добро се познаваме

Србија и Хрватска во балканскиот класик ќе се борат за златниот медал на ватерполо турнирот на Олимписките игри во Париз. Во полуфиналето, Србија убедливо ја порази Америка со 10:6, а Хрватска по голема борба, благодарени на голманот Бијач славеше над Унгарија 9:8.
Србија е актуелен олимписки шампион, победи во Рио 2016 и Токио 2020 година. За нив ова е трето последовно финале на ОИ со што влегоа во историјата. Хрватска пак ќе се обиде втор пат во историјата да стане олимписки шампион.
„Може да се случи да не го освоиме златото, но убеден сум дека имаме сили да одиме до крај. И честитам и на српската репрезентација, третото последователно финале на Игрите, секоја чест за нив“, рече селекторот на Хрватска, Ивица Туцак.
На крајот заклучи дека овие две селекции премногу добро се познаваат.
„На моменти го гледав полуфиналето меѓу Србија и САД, не можев да заспијам, од време на време одев во дневната соба каде што гледаа Јуре Мареља и Перо Кутеровац. Но, меѓу нас нема тајни, тие знаат се за нас и ние знаеме сè за нив“, рече Туцак.
Финалето е закажано за в недела од 14 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гундоган во Галатасарај, Антони во Фенербахче, Ангиса во Бешикташ

Најпопуларните турски клубови, големите ривали од Истанбул: Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ исклучително се активни во преодниот рок.
Галатасарај, освојувач на дуплата круна, постигнал договор со искусниот Илкај Гундоган. Во следните неколку дена ќе потпише едногодишен договор по медицинските прегледи, ќе заработи пет милиони евра.
Поранешниот германски репрезентативец минатата сезона играше за Манчестер сити, реши да замине во Турција откако клубот не му понуди нов договор.
Бразилецот Ентони се врати во Манчестер Јунајтед од Бетис, каде што блескаше, но според англиските медиуми, тој нема да се задржи на „Олд Трафорд“. Бразилскиот офанзивен играч за врска ќе ја помине следната година на позајмица во Фенербахче како играч на „црвените ѓаволи“. Договорот меѓу двата клуба е постигнат, а финализирањето се очекува во следните неколку дена.
Еден од клучните играчи на Антонио Конте во походот на шампионската титула во Серија А, Франк Ангиса го напушти Наполи. Ангиса му се приклучи на Бешикташ.
„Црно-белите“ од Истанбул за трансферот на Ангиса издвоија 10 милиони евра, Наполи преку бунусите може да инкасира уште два милиони евра.
Спорт
Младинците на Пелистер поразени во полуфиналето од ГОГ Гудме

Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister#
Младинците на Пелистер не успеаја да се пласираат во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Претпладнево, во Келн, Пелистер убедливо загуби во полуфиналето од ГОГ Гудме со 21:36 (12:17).
Пелистерци на фаворитот му парираа само во раната фаза од напреварот. Со серија од четири гола Данците ја создадоа првата посериозна разлика (4:8), а на полувреме младинците на Пелистер имаа минус од пет гола.
Данците во вториот дел го засилија темпото и практично ги решија сите дилеми околку конлениот обедник во 40.минута кога стакнаа двоцифрена предност (13:23).
Најефикасни кај Пелистер беа Хаџиќ и Буторац со по четири гола.
ГОГ Гудме во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Барселона и Веспрем.
Спорт
Вестбрук ќе го напушти Денвер

Расел Вестбрук (36), рекордер во НБА по бројот на трипл-дабл (203), двократен најдобар стрелец, трикратен најдобар асистент во најсилната лига и МВП во 2017 година, по една сезона ги напушта Денвер Нагетс.
Инсајдерот Шамс Чаранија објави дека Вестбрук одбил да ја искористи опцијата за продолжување на договорот со Денвер за уште една сезона, па затоа ќе биде слободен играч од крајот на овој месец.
Вестбрук одигра 75 натпревари за Денвер оваа сезона и имаше просек од 13,3 поени, 6,1 асистенции, 4,9 скока и 1,4 украдени топки. Во плејофот имаше 11,7 поени, 3,7 скока и 2,6 асистенции. Никола Јокиќ со тоа останува без важен соиграч во Нагетс.
Иако е ветеран, Вестбрук е убеден дека може да се бори за подобар договор на пазарот од 3,4 милиони долари што би ги заработил следната сезона во Денвер.
Досега, играше за Оклахома, Хјустон, Вашингтон, ЛА Клиперс, ЛА Лејкерс и Денвер.