Спорт
Келиф по златото порача: „Ме мразат, а не знам зошто, јас сум силна жена!“
Алжирката Имане Келиф (25) испрати порака до јавноста откако на Олимписките игри во Париз ја освои титулата олимписки шампион во бокс во категоријата до 66 килограми.
„Јас сум силна жена. Жена со посебна сила. Жена како и секоја друга. Јас сум родена како жена и живеам како жена. Фала му на Бога, ова е мојот одговор. Ова злато е одговорот на сите кои беа против мене“, изјави златната Келиф откако во финалето со едногласна одлука на судиите ја совлада актуелната светска шампионка од Кина, Лу Јанг (32).
Настапот на Келиф на почетокот на Игрите крена голема прашина поради нејзиното покачено ниво на тестостерон. Тоа предизвика бурни реакции ширум светот.
„Се што е кажано на социјалните мрежи е неморално. Сакам да го сменам размислувањето на луѓето ширум светот. Од 2018 година се натпреварувам под ингеренции на ИБА, знаат се за мене, но јас не ја признавам оваа ИБА. Некои членови ме мразат, не знам зошто. Денеска им испратив порака дека мојата чест е над се“, изјави Келиф, првата Алжирка која освоила златен олимписки медал во бокс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул на „мускули“ победи кај последнопласираниот Саутемптон
Ливерпул ја зголеми предноста на челната позиција на табелата во англиската Премиер лигата, откако на „мукскули“ го победи последно пласираниот Саутемптон. Во 12. коло, на „Сент Мери“ Ливерпул победи со 3.2. Со овој триумф, 10. во сезоната, Ливерпул ја зголеми предноста на табелата во односн на Манчестер сити на осум бода, а девет чекори зад „црвените“ се Челси, Арсенал и Брајтон.
Исклучитено интересен натпревар со два пресврти одиграа Саутемптон и Ливерпул. На крајот пресудија аматерските грешки на домашните фудбалери. Голманот Мкарти му подри гол на Салах за 2:2 во 65.минута, а во 83. минута Јапонецот Сугивара го честеше Ливерпул со пенал од кој Салах го постави конечниот резултат.
Претходно Собослај во 30.минута им донесе предност ан „црвените“, а изедначи Амстронг во 42.минута откако промаши пенал. Предноста на Саутмептон му донесе Фернандес во 56.минута.
Спорт
Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот
Во Реал Мадрид се уште не можат да се помират со фактот дека Винисиус Жуниор не ја освои Златната топка.Првиот човек на клубот, Флорентино Перез во својот говор на Генералното собрание на Реал, говореше и на оваа тема.
На неодамнешното доделување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, лауреат стана фудбалерот на Манчестер сити Родри. Фактото дека Винисисус не ја доби Златната топка не му се допадна на Реал Мадрид. Перез и забрани на делгацијата да отпатува во Париз.
Потоа стигнаа пораките за поддршка на Винисиус од клубот, соиграчи од Реал, а сега стигна јавно дојде и поддршката од претседателот на Реал.
„Винисиус, ти си најдобриот играч на светот. Сакам да знаеш дека навивачите на Реал Мадрид се горди на тебе, за се што требаше да издржиш во нефер времиња и моменти, а сето тоа те направи играчот што си денес“, рече Перез.
Пораката на претседателот на Реал повторно одекна и донесе разни коментари, но дефинитивно е дека тој повторно успеа во намерата, да го сврти вниманието кон Реал Мадрид и Винисиус.
Спорт
Терие во аут до крајот на годината
Напаѓачот на Баер Леверкузен, Мартен Тиери ќе биде надвор од терените до крајот на годината поради скршеница на раката.
Французинот се повреди вчера во убедливиот триумф над Хајденхајм (5:2) во натпреварот од 11. коло на Бундеслигата.
Само неколку минути по влегувањето на теренот, Тиери се здоби со фрактура на раката. .
„Операција не е неопходна и Тиери треба да му биде на располагање на освојувачот на на германската „двојна круна“ на почетокот на новата година“, објави клубот.
Тиери по четири години во Рен летово потпиша за Баер, со клубот потпиша петгодишен договор.
Бранителот на титулата не блеска во германскиот шампионат, а Чаби Алонсо поради повреди не може да смета на уште двајца напаѓачи, Виктор Бонифејс и на Амин Адли.